ОВА СЕ ЗБОРОВИТЕ НА НЕЈЗИНИОТ СТОМАТОЛОГ? Нова болка за семејството на девојката (16) која почина по вадење заб
Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево и Министерството за здравство на кантонот Сараево соопштија за смртта на 16-годишно девојче кое почина пред пет дена по компликации предизвикани од вадење заб.
Оттаму наведуваат дека раководството на болницата и министерството побарале внатрешен стручен надзор на лекувањето на пациентите за да се утврдат сите факти и текот на лекувањето.
Направена е обдукција која ќе ја покаже точната причина за смртта на 16-годишното девојче.
Според првичните информации, на 16-годишната девојка била извршена интервенцијата во приватна ординација, а после тоа нејзината состојба нагло се влошила.
Потоа била хоспитализирана во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што починала.
И додека се чекаат резултатите од обдукцијата, по што точно ќе се утврди како и зошто починала несреќната девојка, како што велат медиумите од Босна и Херцеговина, „однесувањето на стоматологот е шокантно“.
Како што пренесуваат медиумите, откако семејството на починатата тинејџерка испратило повик до стоматолошката ординација, поточно д-р Х.М., следел шокантен одговор од другата страна.
– Не ja напаѓајте моjaтa егзистенција – на чудење на семејството на починатото девојче наводно им рекол стоматолот Х.М.
За овој случај е информирано и Обвинителството на кантонот Сараево, кое покрена истрага за утврдување на околностите кои довеле до смртоносниот исход.