Реклама
Вести

Обожавателите загрижени: Ана Бекута има сериозни здравствени проблеми и била итно оперирана во Австрија!?

Реклама

Откако Ана Бекута „исчезна“ од малите екрани пред три недели, нејзините обожаватели не ја кријат својата вознемиреност.

Јавноста ја заинтригира веста дека Ана Бекута на извесно време заминува од Звезде Гранда. Имено, откако Ана Бекута не се појави на снимањето на „Ѕвезде Гранда“, челниците на „Гранд продукција“ изјавија дека членката на жирито нема да присуствува на следното снимање од оправдани причини.

Youtube printscreen/Zvezde Granda

„Гранд продукција“ објави дека пејачот Драган Којиќ Кеба ќе ја замени Ана Бекута и ќе ја преземе работата со нејзините кандидати во следните пет емисии, а причината за отсуството на Ана не е позната.

Маркетинг

Нејзиното отсуство од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ беше проследено со шпекулации кои одеа од крајност во крајност. Некои тврдеа дека пејачката отпатувала во странство за да направи естетски интервенции, други дека има семејни проблеми, а други дека е тешко болна.

Магазинот „Скандал!“ прв јавно излезе со информација која открива зошто Ана Бекута исчезна од очите на јавноста.

Маркетинг
ana_bekuta – Copyright Youtube screenshot / Grand online

Не сакам да споделувам со медиумите за што се работи, но ситуацијата не е наивна. Ана има сериозни здравствени проблеми. Пред три недели беше итно оперирана во Австрија и се бори за своето здравје, изјави пријателката на фолк-ѕвездата.

Како што истакна, здравствениот проблем го открила случајно, но навреме. Операцијата била неизбежна и била извршена во Виена.

За среќа, Ана отсекогаш беше позитивна. Блиските пријатели знаат каков борец е. Сигурни сме дека од оваа битка ќе излезе како победник – заклучи соговорникот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button