Вести

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА: Приведени три лица под сомнение дека се поврзани со исчезнувањето на малата Данка

Advertisement

Тие се уапсени на подрачјето на општина Хаџиќи

Припадниците на полицијата на БиХ привеле три лица по Законот на Интерпол Белград, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија, дознава „Аваз“.

Advertisement

Како што дознава „Аваз“, тие се уапсени на подрачјето на општина Хаџиќи. Еден од уапсените се вика Басар и е државјанин на Босна и Херцеговина.

Акцијата се уште е во тек. „Аваз“ ќе ги објави и имињата на другите уапсени веднаш штом ќе биде процесуирано делото.

Advertisement

Да потсетиме, девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.

Поради исчезнувањето на Данка Илиќ (2), синоќа за прв пат во Србија е активиран системот популарно наречен „amber alert“, официјално наречен „Најди ме“, кој итно ја известува јавноста за исчезнувањето на дете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button