CelebrityНовости

Нема да ви се верува колку заработуваат од половина час нашите старлети – тарифа за која познати фаци НЕ сакаат да зборуваат!

Advertisement

Ги изнајмуваат на половина час или на цела ноќ?

Не е тајна дека еден од приходите на припадниците на естрадата е и наплаќањето за појавување на некој настан.

Advertisement

Па така познатите пејачки, старлети, јутјубери и сите останати познати фаци заработуваат пари и од ангажманите што се појавуваат на некои престижни настани и одредено време се дружат со гостите.

Па така откако неодамна се појави веста дека еден од најпопуларните јутјубери на Балканот, Бака Прасе присуствувал на детски роденден, и за половина час заработил околу 1500 евра, во медиумите се појави тарифата и на некои други претставници на балканската естрада.

Advertisement

Па така Кија Коцкар наводно по излегување од Задруга за присуство на еден настан била платена 5000 евра.

Една од ретките што зборуваат отворено на оваа тема е хрватската старлета Нивес Целзијус. Имено, таа за време на бракот со фудбалерот Дино Дрпиќ, од своите појавувања наплаќала и по 4000 евра за половина час.

Српските медиуми неодамна објавија и листа од естрадни уметници кои за вакви настани зимаат нешто помалку пари.
Па така познатата старлета Сораја Вучелиќ наводно наплаќа по 500 евра од половина час, додека Станија Добројевиќ „само“ околу 300 евра.

Што се однесува до македонските старлети, тие не сакаат јавно да зборуваат на оваа тема, но велат дека кај нас се уште ретко се случува да заработуваат на овој начин.

Затоа и многу наши познати фаци повеќе се свртени кон објави на социјалните мрежи, а најпопуларните меѓу нив заработуваат и слични суми од само една или две објави на своите профили на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button