Научниците потврдија – оние што имаат внуци живеат подолго
Во ова истражување беа опфатени 4000 баби и дедовци
Едно од прашањата во истражувањето било „Колку блиски луѓе имате во ваша близина“, а оние што се грижеле за своите внуци одговориле со поголема бројка на блиски луѓе и пријатели.
Чувањето на внуците ја подига самодовербата и луѓето се чувствуваат помладо и подобро, пишува Дејли Меил. Научниците од колеџот во Хамбург ги анализираа одговорите на 3849 одговори од лица кои имаат внуци, а имаат во просек 66 години.
Оние кои не се грижеле за внуци на прашањата од типот „Ми недостигаат луѓе околу мене, во главно се чувствувам осамено и сл“, одговарале со потврдни одговори, додека оние кои имале внуци немале никакви потешкотии со осаменоста.
Грижата за децата во подоцнежниот период од животот дефинитивно има позитивно влијание кај луѓето.
Професорката Еленот Квирк истакна дека помагањето и асистирањето во семејството им ја подига самодовербата на постарите лице и има позитивен ефект на односот со членовите во семејството.