Реклама
Вести

МЕДИУМИТЕ ДОЗНАВААТ: Еве што „прогуглала“ мајката на малата Данка пред исчезнувањето на девојчето

Реклама

По прегледот на телефонот на мајката на исчезнатата Данка Илиќ, откриено е дека таа го гуглала граничниот премин меѓу Србија и Романија непосредно пред исчезнувањето на детето.

– Однесувањето на мајката и она што го барала во компјутерот и телефонот непосредно пред исчезнувањето е многу чудно. Го пребарувала на Гугл граничниот премин Кладово – Турну-Северин – изјави главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ.

Исто така мајката на детето ја прогуглала кривичната одговорност колку изнесува за одредени кривични дела.

Маркетинг

Главниот уредник на Информер презентираше уште една ексклузивна информација.

Маркетинг

– Сите треба да знаеме дека полицијата прави се за да биде пронајдена малата Данка. Две-три недели пред нејзиното исчезнување, родителите ја однеле на специјалистички преглед во Белград. За каков увид се работи и за што точно се работи, сега не можам да кажам – изјави Вучиќевиќ.

Истрагата беше проширена и во Австрија, а Интерпол распиша жолта потерница за исчезнати лица.

Виенската полиција започна истрага за исчезнувањето на Данка Илиќ, откако српски државјанин кој живее во Виена на 30 март пријавил дека видел девојче, кое наводно личи на исчезнатата Данка, придружувано од две жени на автобуска станица во центарот на австриската престолнина.

Српскиот амбасадор во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека се очекува идентификација на детето од видеото снимено во Виена, за да се утврди дали се работи за Данка Илиќ, по која се трага од 26 март.

Тој во изјава за Танјуг рече дека српската амбасада во Виена е во постојан контакт со австриската полиција, како и дека српската заедница што живее таму е информирана за исчезнувањето на девојчето.

Двегодишно девојче исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Во моментот на исчезнувањето таа носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче. Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.

Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button