Марина се породи – на ќерката и го даде најубавото христијанско име
Пејачката Марина Тадиќ роди девојче
Таа својата наследничка ја нарече Вера, а за ова име се одлучи, како што своевремено истакна, уште на почетокот од бременоста.
На пејачката колегите веднаш и го честитаа раѓањето на наследничката, а меѓу нив и Цеца Ражнатовиќ
„Честитки, нека ти е вера жива и здрава“, и порача фолк пејачката.
Името Вера е специфично затоа што се јавува во сите култури и на сите јазици се изговара исто. Се врзува за христијанството, бидејќи една од главните врлини што еден христијанин треба да ги има е токму христијанството.
Затоа и се смета дека името Вера носи значење за „некоја што верува“, „на која и се верува“, која е искрена и верна.
Ова име кај нас се појавува некаде во 19 век и тоа посебно под влијание на руската култура.
Можеби ќе ве интересира и ова:
Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи „софија“ на грчки значи мудрост), остана вдовица, и беше Христијанка. Во времето на Адријан кој ги прогонуваше христијаните, неговата мачителска рака се протегна и врз добродетелниот дом на Софија.
Тогаш Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот, тие сите четири држејќи се за раце смерно, но одлучно, ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот, тие сите четири држејќи се за раце смерно, но одлучно, ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида.