Македонската финалистка од „Ѕвездите на Гранд“ му кажа „ДА“ на своето момче! ФОТО
Мелиса Зијадиќ му кажа „ДА“ на своето момче.
Младата македонска Мелиса Зијадиќ (18) ги воодушеви сите со своите настапи во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа заедно со Мики Секуловски и Андријана Петрушовска успеа да се пласира во големото финале каде го освои петто место.
Беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и со својата скромност и неверојатен талент ги освои симпатиите на сите.
Таа во шоуто често избираше тежок репертоар, а заради својот изглед и глас беше нарекувана македонската Драгана Мирковиќ.
Младата македонска пејачка која ги освои симпатиите на цел регион во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја потврди убавата вест.
„Очекував, планиравме да се вериме. Пресреќна сум“, изјави Мелиса за „Гранд онлајн“, но одби да коментира дали веќе се во тек и подготовките за свадбената веселба.
Нејзиното момче често ја придружуваше на снимањата и ѝ беше огромна поддршка позади сцената. Мелиса во една прилика призна дека тој ѝ помага многу околу изборот на песни, па на крај заедно пресекуваат што е најдобро.