Реклама
Вести

КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ за сите граѓани кои немаат пасош со новото име

Реклама

МВР не потфрли во проценките колку пасоши се потребни затоа што нарачката беше околу два милиони, а во државата имаше 1,8 милиони важешки пасоши.

И нема никаква саботажа во МВР, изјави вечерва за ТВ 21 дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Притоа, тој потенцираше дека МВР не потфрлило во нарачката на пасоши, бидејќи биле нарачани приближно 2 милиона.

Маркетинг

„Ако се вратиме назад, во државата имаме 1.803.000 кои имаат важечка патна исправа. Кога се правела проекцијата за нарачка на пасоши, била направена приближно 2 милиона. Никаде МВР не потфрлило или не предвидело колку пасоши ќе бидат потребни за граѓаните.

Маркетинг

Јас жалам што во овој период имаше политички партии кои повикуваа ‘Никогаш Северна’, договорот ќе го укинеме, и граѓаните ги доведоа до заблуда да не ги сменат своите патни исправи. Ова го велам зошто имам факти и докази зошто е тоа така”, беше дециден Бојмацалиев, надополнувајќи со статистички податоци.

„Во 2021, 2022, ако во короната имаше пик на заболени, ние имаме пик на најмногу побарување на граѓаните за лични документи. Годините кои ги споменав, декември и јануари, имаме просек од 40-50 илјади граѓани кои барале смена на лични документи. Како реториката на одредени политички партии се намалуваше и ја прифаќаа реалноста, бидејќи мислеа дека така ќе добијат некои политички поени во одреден период, се намали таа реторика, и декември, јануари имаме граѓани кои барале смена на лични документи над 170.000 граѓани.

Што ми е поенатата? Ако изминатиот период ја немало таа реторика на одредени политички партии и политичари за дневно политички поени, ние досега ќе сме ги сменеле сите пасоши и документи. Бидејќи, капацитетите на МВР покажуваат дека можат да услужат и 170.000 граѓани.

Не во тоа дека некој некого саботирал од внатре или го довел до оваа ситуација. МВР и државата ги создаде сите услови кои се потребни за промена на личните документи. Тоа го зборуваат бројките”, рече Бојмацалиев.

Тој додаде дека во четврток или петок ќе стигнат уште 100.000 обрасци за пасоши.

Тој рече дека истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. „Можам да потврдам дека не се работи за никаква саботажа во МВР и ќе дадам конкретни примери зошто тоа не е така.

На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнуваат 50.000 пасоши, минатата недела 20.000 пасоши. Во четврток или петок добиваме над 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши.

Тоа е огромна бројка обрасци. Имаме информација од компанијата ‘Веридос’ дека ќе биде испорачани голем број бросци во турнуси. Со тие обрасци кои стигнаа и оние кои што ќе дојдат ја задоволуваат потребата на МВР да излезе во пресрет на граѓаните и да им ги издаде документите кои им се потребни, до следната тура на обрасци од 300.000 што ќе дојде во јуни“, рече Бојмацалиев.

Според него, некои политички партии ги довеле граѓаните до заблуда бидејќи повикувале „Никогаш Северна“ и граѓаните ги довеле до заблуда да не ги сменат своите патни исправи. „Ова го велам затоа што имам факти и докази“, рече тој, наведувајќи статистички податоци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button