Конечно е познато: Зошто мажите се позагрозени од корона?

Иако делува дека некои групи на луѓе повеќе заболуваат од другите, факт е дека мажите, жените и децата подеднакво често се инфицираат од коронавирусот. Сепак, разликата е во тоа како истиот го поднесуваат и кои се последиците, пишува во своето најново истражување „Мондо“.

Според наводите на Светската здравствена организација, мажите многу почесто заболуваат од корона во споредба со жените, на што укажуваат и статистиките од Кина. Смртноста меѓу мажите на средината на јануари била 2,8 отсто, а меѓу жените 1,7 отсто. Слично било и во 2003 годин за време на епидемијата од САРС во Хонгконг, а припадниците на посилниот пол почесто заболуваат и од грип во однос на жените, покажуваат статистиките.

Зошто е тоа така? Едноставно, жените имаат посилен имунитет и тоа благодарение на естрогенот. Овој женски хормон ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и силно делува против инфекциите. Од друга страна, машкиот хормон тестостерон го блокира имунолошкиот систем.

ADVERTISEMENT

Покрај ова, важна улога има и генетиката. Еден германски молекуларен биолог вели дека гените се релевантни за имунолошката состојба на организмот, дека се одговорни за откривање на предизвикувачот на болеста, кодирани на X-хромозомот. Бидејќи жените имаат два Х-хромозоми, а мажите само еден, јасно е на чија страна е предноста.

Ништо помалку важна причина е и разликата во начинот на живот помеѓу мажите и жените. Не е тајна дека мажите често живеат понездраво од своите поубави половини. Првенствено, меѓу пушачите поголем процент се мажи, а плучата која им е нарушена со оваа лоша навика е и почувствителна на вируси.

Во истото истражување е наведено и зошто децата ретко се инфицираат со коронавирусот. Иако научниците и лекарите прво мислеа дека децата не можат воопшто да се заразат, праксата покажа дека можат. Всушност, тие го имаат вирусот, но не заболуваат и не покажуваат само бледи симптоми. Научно објаснување за оваа сѐ уште не постои. Лекарите сметаат дека кај младите делува таканаречениот вроден „неспецифичен состав“.

Заштитата од првиот вирус се добива уште во фетус-фазата, а продолжува со раѓањето и доењето со мајчиното млеко. Оваа „пасивна имунизација“ е обично доволна за периодот додека кај децата не се развие комплетен имунитет, што се случува до 10-та година од животот.

Facebook Comments
(Visited 190 times, 1 visits today)
Loading...