CelebrityНовости

Кои се македонските Ромео и Јулија што живеат филмски во Париз?

Advertisement

За ваква љубов одамна не сме слушнале, а главните ликови во оваа навидум холивудска приказна, Марија Пијанманов и Константин Плевнеш, немаат проблем да зборуваат за приватниот живот на висока нога

Advertisement

Нивната љубовна приказна по многу нешта е оригинална и возбудлива. Тој е горд Македонец израснат во Париз, а таа за себе милува да каже дека е скопска струмичанка. Дежурните сеирџии, особено оние на „Твитер“, не престанаа да зборуваат за Марија Пијанманов и Константин Плевнеш, сопственици на Филмска академија, кои и самите живеат филмски.

 

Advertisement

Тоа го потврдија и во нивното прво и засега единствено заедничко интервју за македонски медиум, во шоуто „Живот со стил“ на Елена Стефановска, кое се емитува на Телевизија 24. На Марија и на Константин не им е проблем да зборуваат за својот слободен дух, но и за приватниот живот на висока нога.

Константин Плевнеш по вокација е режисер, школуван на престижни универзитети. Тој е син на истакнатиот драмски писател и дипломат Јордан Плевнеш, основачот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА на кој сега тој и неговата сопруга Марија се посветени во целост. На многу мала возраст, неговите родители го носат во Франција каде практично е и израснат, во една поинаква средина, во елитни кругови.

Марија, пак, дипломирала на Институтот за историја на уметност. Еден период работела како новинарка во „Нова Македонија“, во една фаза била и манекенка и модел, а сакала да стане докторка. Нејзиниот покоен татко имаше француско име – Жан Пијанманов, па очигледно некако и судбински животот ја одведе во Париз за да ги реализира сите свои соништа во Градот на светлината.

– Во Париз сме веќе и препознатлив пар, па таму нѐ дочекуваат со голема љубезност и искреност и тоа неизмерно ни значи и нѐ расположува. Нашиот омилен келнер се вика Луј, од познатиот Марли, во Лувр. Позната е нашата парола, „Париз е наш“, хахаха.. Омилени гости сме во најпопуларните локали каде уживаме во француски специјалитети и коктели. Во луксузниот Лавени сме препознатливи и редовни гости и имаме најубави париски моменти – се пофали Марија во интервју за порталот „Музика 24“.

Константин, на саканата Марија ѝ приреди и филмско запросување. Локацијата беше елитен ресторан на покривот од највисоката зграда во француската метропола. Во Париз ги венча градоначалникот на општината во која живеат, а овде венчавката ја водеше г.г.Стефан.

Пред две години направија голема свадба во скопскиот хотел „Мериот“ кога допатуваа многу гости од странство. Амбасадори, универзитетски професори, видни луѓе од областа на филмот и музиката. Гостите ги забавуваа Сузана Спасовска, Борис Трајанов, Нино Величковски, „Некст тајм“.. Луксузно славеа и за „Младенци“, а специјален гостин на забавата беше Пере од „Нокаут“ кој им ја запеа нивната омилена „Лебедот бел“.

Во зависност од обврските, неколку месеци се овде, па неколку месеци во Париз. За Марија е евидентно дека е љубител на брендирани парчиња. И Константин во едно интервју се пофали дека имал прилика да присуствува на некои ревии на познати имиња во светот на модата.

– Сакам луксуз на начин тоа да биде вкусно. Не сум љубител на големи брендови, сакам да се чуствувам како бренд сама по себе и да инспирирам, не да копирам. Кога сама ќе се искреирам ми е најдобро. Имам парчиња и од Карл Лагерфилд, Шанел и од Луј Витон – искрена е Пијанманов.

Иако не успеал да ја освои од прва и требало да помине време од нивната прва случајна средба во театар, Константин признава дека е лудо вљубен во Марија, а тоа го покажува на оригинален начин, како што самиот кажа и во емисијата „Живот со стил“, да ја запросува секој нареден пат кога таа ќе му дозволи.

– Се сеќавам кога ја видов на преставата „Галеб“. Тоа беше еден миг, траеше 3-4 секунди, беше како нешто што е вонвременско, немав желба да продолжам да живеам без неа – изјави Константин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button