Новости

Кејт Мидлтон конечно фотографирана по операцијата: Навистина е таа, погледнете како изгледа сега ФОТО

Advertisement

Кејт Мидлтон за прв пат во јавност по операцијата

Британската јавност, заедно со остатокот од светот, може да здивне: Кејт Мидлтон е добро. Се е добро, таа се опоравува во својот дом, а по најновата фотографија, повеќенеделните шпекулации веројатно сега ќе згаснат.

Advertisement

Принцезата од Велс утрово беше фотографирана од папараците во областа Виндзор. Во комплексот на палатата е сместена и семејната резиденција, Колибата Аделаида, каде, како што претходно беше кажано, Кејт се опоравува.

Таа, сепак, била видена во автомобил и со темни очила, па не било лесно да и се истакне лицето, а зад воланот била нејзината мајка Керол.

Но, сега на ред се новите теории на заговор. Иако принцезата конечно се појави, за прв пат по повеќе од два месеци, се поставува прашањето зошто тоа се случило по инсинуациите дека паднала во кома. Некои дури се исплашиле и јавно прашале дали воопшто е жива.

Колку што имаше оние кои беа пресреќни што конечно ја видоа, има и такви кои не се баш сигурни дека ја гледаат. „Тоа не е таа“, „оваа жена повеќе личи на Пипа“, „двојничка“…

Во сериозните медиуми се водеше своевидна дебата за нејзината здравствена состојба. Зошто нема подетални информации, зошто не се прецизира за каква операција се работи, како сето ова време никаде не се појавила… Од палатата се уште официјално не се огласуваат.

Се надеваме дека наскоро ќе добиеме одговори, а пред се сакаме да веруваме дека закрепнувањето оди според планот и дека Кејт ќе се врати на вообичаените активности што е можно поскоро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button