Вести

Карлеуша сака да ги види родителите на исчезнатата Данка: „Заклучете ме еден час со нив“

Advertisement

И пејачката веќе неколку дена е потресена

Денеска е четврти ден од потрагата по исчезнатото девојче Данко Илиќ (2), а за овој случај кој ја тресе цела Србија проговорија бројни јавни личности.

Advertisement

Јелена Карлеуша повторно се огласи за овој случај, откако пред неколку дена ги повика своите следбеници на Инстаграм, кои надминуваат два милиони, доколку имаат некаква информација да ја контактираат полицијата. Таа изрази желба да ги види родителите на малата Данка.

– Заклучете ме во иста просторија со родителите на исчезнатото девојче. Само тоа барам. Еден час. Не ви треба повеќе – рече таа.

Advertisement

Принтскрин Instagram/karleusastar

Да потсетиме, вчера полицијата и пожарникарите го расчистуваа просторот околу куќата каде Данка последен пат била видена во вторникот.

Полицијата во текот на ноќта дежурала и во куќата каде исчезна девојчето. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќа беше во Бор, со цел да ги посети припадниците на МУП кои работат на терен во потрага по исчезнатото девојче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button