И оваа земја полека станува рај за сите Македонци што бараат работа – НЕ е Германија

Оваа земја бележи рекордно ниска невработеност. Потребна им е работна сила и се очекува значаен раст на платите

Во прашање е Чешка Република која бележи рекордна ниска невработеност во рамките на Европската унија. Таа се движи околу 3 отсто и тоа е една од најниските стапки на невработеност во историјата на самостојна Чешка по падот на комунизмот 1989 и осамостојувањето во 1993 година.

Еуростат уште пред неколку години објави дека Чешката Република бележи рекордна невработеност и е на пониско ниво и од Германија.

Од друга страна, земји со најголема стапка на невработеност во Европа се уште се Грција, Шпанија, Кипар и Италија.
Просечната плата во оваа поранешна комунистичка земја постојано расте, па така таа ги престигна Португалија и
Грција, а опасно се приближува и до Шпанија, посебно заради автомобилската индустрија.

Но поради недостаток на работна сила, тие пред неколку години имаа проблем дури и со превозот – трамваите и автобусите доцнеа, па целата јавност бараше да им бидат качени платите на возачите. Работниците на Шкода одржаа протести за да им се изедначат платите со останатиот дел од Фолцваген, и платите им беа качени за 20 %, а добија и бонуси и платени прекувремени работни часови.

Но и покрај постојаното качување на платите, работници едноставно нема, а потребата за нив е се поголема. Иако според бројот на невработени Чешка е подобра од Германија, сепак таа е далеку по висина на платата. За истата работа во соседна Германија ќе заработите три пати повеќе

Како и да е, во оваа земја едноставно има премногу работа, посебно заради автомобилската индустрија, но недоволен број на жители па затоа и врбуваат работници од цела Европа, па и од кај нас.

(Visited 1.047 times, 1 visits today)