Им ги зеле пасошите, ги товареле како говеда: Ќерката на покојниот Маџиров стравува за мајка и и брат и кои ги очекува карантин

Нина Маџирова, ќерката на покојниот македонскиот музичар Зоран Маџиров, преживува нова семејна драма. Актерката и продуцент која подолго време живее и работи во Лос Анџелес, доцна синоќа по македонско време ја сподели на социјалните мрежи голготата со која во моментов се соочуваат нејзината мајка и нејзиниот брат. Таа упати отворена критика до македонските институции и ги замоли нејзините следбеници на „Фејсбук“ масовно да го споделуваат нејзиниот пост.

– Вечерва во Софија слетаа мајка ми и брат ми, од Лондон. На македонската граница им било соопштено дека е донесен нов закон кој наложува да секој што влегува во државата да оди во државен карантин. Следно, им ги одзеле пасошите, за да ги товарат како говеда во полициско комбе со 20 луѓе, стуткани еден до еден. На границата немало лекари, туку симптомите биле ТЕЛЕФОНСКИ соопштувани. Така мајка ми и брат ми со часови чекаат на граница за транспорт до карантин заедно со уште стотина други луѓе. Какви ви се тие мерки, какви се??

ADVERTISEMENT

Каква превенција, каква заштита!?!? Ми се јави мајка ми липајќи, плачам и јас а кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени. Зарем не претрпев слично сценарио со татко ми, а?? Греота и голем срам. Плачам и се плашам. Хорор. СРАМ ДА ВИ БИДЕ!! Ве молам споделувајте – напиша Маџирова.

Нејзиниот татко, волшебникот на шишиња од Струмица како што го нарекуваа светските медиуми, почина на 9 мај 2017 година по седум месеци во кома, откако беше хоспитализиран со тешки повреди на главата, градите и нозете по страотната сообраќајка кај Радовиш.

Маџиров во својата кариера имаше над 4.000 концерти во европските и американските градови и беше прогласен за почесен граѓанин во повеке европски метрополи.

Facebook Comments
(Visited 58.218 times, 13 visits today)
Loading...