Реклама
Вести

Жителите на Слатино ја откриваат можната причина за трагедијата која ја потресе Македонија

Реклама

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).

– Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.

Маркетинг

Главен осомничен е таткотко, кој по укажување на лекарска помош е пренесен во полициска станица на испитување.

Според информации од жители на селото, Р. Ш. дваесет години бил во тешка здравствена и психичка состојба, семејството живеело во тешки услови, а имале и семејни проблеми. По укажувањето на лекарската помош, малолетното дете ќе биде згрижено од социјалните служби, објави СДК.мк.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button