Еве како изгледа 30 години помладата актерка со која се ожени ПОРАНЕШНИОТ сопруг на познатата југословенска ѕвезда

Таа му роди близнаци

Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ

Актерката и пејачката Снежана Савиќ од бракот со режисерот и сценаристот Драгослав Лазиќ има ќерка Анита.

Тие двајцата беа во брак, а по неколку години заеднички живот секој тргна по својот пат.

Драгослав се ожени повторно и тоа со 30 години помлада колешка, Драгана Туркаљ. Тој со неа на 76 години доби близнаци – ќерката Искра и синот Лазар.

Драгослав и Драгана се венчаа во куќата на нивниот кум, прославениот актер Велимир Бата Живојиновиќ.

Тие се венчаа во црква во 2003 година, а долго време сакаа да добијат деца што им се оствари дури пред неколку години.

Снежана во младоста

Инаку, актерката Снежана Савиќ важи за една од најубавите дами од поранешните југословенски простори. Таа во осумдесеттите никого не остави рамнодушен со својата улога на Нина во филмот „Што е со тебе, Нина?“ кој беше прикажан во 1984 година и беше голем хит во тоа време. Во филмот познатата актерка Снежана Савиќ го покажа сиот раскош и убавина на женското тело.

Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ

Снежана ќе остане запаметена и по легендарниот лик во хит серијата „Среќни луѓе“.

Имено, таа припаѓа на генерацијата актерки кои ги рушеа табуата во поранешна Југославија и ја маѓепсуваа публиката во филмовите со што ги поместуваа границите на југословенската кинематографија. Таа во една сцена, која што ја снимаше во када, беше како од мајка родена.

Принтскрин

Имено, таа во популарната серија „Среќни луѓе“ ја игра опасната заводничка Малина, а сцената кога се бања во кадата и ден денес важи за една од најконтроверзните сцени направени во поранешна Југославија.

Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
Фото: Фејсбук/ Снежана Савиќ
(Visited 4.383 times, 1 visits today)