Еве зошто е сменет реисот Реџепи кој мислеше дека може да биде како Сулејман Величествениот – сé ќе ви биде јасно по оваа фотографија

Реисот Сулејман Реџепи е отстранет од позицијата голем муфтија наводно заради брак со 50 години помлада девојка.

Неговите изјави честопати беа проследени со контроверзности и однесување кое не беше прифатливо за Македонците.

Две третини од Ријасетот на Исламската верска заедница на Македонија гласаа за отстранување на реисот Сулејман Реџепи од позицијата голем муфтија, изјави муфтијата на Гостивар, Шаќир Фетаи, пренесува агенцијата МИА.

Причината за разрешувањето на Реисот е неговата женидба со жена која е 50 години помлада од него. Избраничката на неговото срце, како што пишуваа албанските медиуми, е Емина Јетиши (24). Ова е негов втор брак, четири години откако почина неговата прва сопруга, а неговата сегашна сопруга, Емина, е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има една ќеркичка од претходниот брак.

Тој инаку е познат по контр оверзните изјави што вклучуваат ширење етничка и верска нетрпеливост, позирање со мит ралези и мапа на Голема Албанија.

Неодамна, медиумите пишуваа за него, заради уцените на владата, а тој се закани дека ќе ја претвори Македонија во Бангладеш во однос на ширење на коронавирусот доколку не му се исплатат пари од државниот буџет. Тој ги револтираше Македонците посебно по неговите изјави дека се дивјаци кои никогаш нема да имаат свој идентитет.

Имено, сега веќе поранешниот реис при една негова изјава за време на поставување на камен темелник за изградба на џамија, сериозно ги налути своите сограѓани со изјава дека Македонците се див народ и дека затоа никога нема да имаат свој идентитет.

Тој оваа изјава ја кажа во едно скопско село за време на церемонија на поставување на камен темелник за изградба на џамија. Тој тогаш објави и видео на Фејсбук потсетувајќи се дека во минатото во тоа село еден македонски премиер ја срушил џамијата, и тоа со 60 килограми динамит, а потоа со навредливи зборови се обрати до македонскиот народ, што беше забележано и во видеото објавено на Фејсбук.

Нема да дозволиме повеќе никој да ни пречи во изградба на џамија, тоа нема да го дозволиме. Повеќе нема да молчиме. Се надеваме, со господ напред, дека ќе дојдат подобри времиња бидејќи секаде имаме народ и место. Замислете каков е овој див народ со кои сме во соживот. Тие се див народ. Затоа немаат идентитет и никогаш нема ни да го имаат без разлика што ние сакаме да им помогнеме“.

„Не може да им се помогне, безду шните не се освестуваат“, изјави тогаш Сулејман.

Помала група на албански интелектуалци реагираше на ваквата непримерна и за македонскиот народ навредлива изјава на поранешниот поглавар на ИВЗ, но ниту една партија на Албанците во Македонија не се огласи за да го критикува ваквото очигледно ширење на говор на ом раза. Поранешниот поглавар привлече внимание на јавноста и при крајот на 2014 година со една фотографија на Фејсбук која позираше во гардероба на некогашниот владетел на Отоманското царство, Сулејман Величествениот.

Тој облече традиционална муслиманска облека и се сликаше, а фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
И ковид-19 го прогласи за yм peн

Инаку, реисот Сулејман Реџепи деновиве се најде во центарот на вниманието и по неговата изјава за медиумите што ја даде пред џамијата Мустафа Паша во Скопје. Имено, тој го честиташе празникот Фитер Бајрам на верниците со муслиманска вероисповед и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мpтo в.

„Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е yмp eн од денес . Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ е с онас ние се чувствуваме најсилни во светото“, рече тој, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Реџепи беше избран за поглавар – Реис на ИВЗ во септември 2006 година, и оттогаш повеќепати е реизбран со мандат од пет години. Дотогаш беше декан на факултетот за исламски науки, а по стапувањето на функцијата вети дека ќе воведе ред во организацијата.

„Првите чекори што ќе ги направам е да го повратам правниот систем во ИВЗ, оти сите настани што се случија, за резултат имаат непочитување на правниот систем на ИВЗ“, изјави Реџепи на 20 септември 2006 година.

До изборот на нов поглавар на ИВЗ за в.д. Реис е именуван гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху.

Facebook Comments
(Visited 2.083 times, 1 visits today)