Емотивно се прости од една личност која му е многу важна
Синиша Медиќ важи за некој кој е постојано насмеан и расположен, меѓутоа, трагедијата што му се случи синоќа му ја одзеде насмевката на водителот на телевизија Гранд.
Медиќ синоќа ја загуби својата баба за која беше многу приврзан. Медиумите веднаш го контактираа и тој ја потврди оваа информација:
-Вистина е, мојата сила, мојата душа, баба ми почина синоќа. Ѝ ги затворив очите, морав да ја пуштам да си оди. Ми се чини дека половина од душата ми отиде со неа.
Да потсетиме, водителот неодамна отворено проговори за тоа дека никогаш нема да стане родител.
„За жал, но мојата одлука е дека никогаш нема да станам родител.
Мислам дека децата треба да се раѓаат од љубов, а не само да имаат дете. Секој има тивко страдање во својот живот, а моето е тоа и не се срамам да го кажам бидејќи, се разбира, има причина за мојата цврста одлука.
Имам внук Алекса, кој е центарот на мојот свет и на кого ќе му оставам се што имам“, изјави Медиќ.