Вистинска драма се случила утрово на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, каде вработен во клиниката прво вербално нападнал медицинска сестра, па го истепал директорот, за на крај сам да се пријави во полициската станица во Центар.
„На 18.09.2023 околу 10 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, .
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, изјавија од МВР за Прес24.
За инцидентот којшто утрово се случил на Клиниката за кардиохирургија е запознаен и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Оваа вест штотуку ја потврдија од ресорното министерство преку соопштение испратено до медиумите.
„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, велат од ресорното министерство.
Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката за кардиохиругија денеска во 10 часот пристигнала пријава дека поранешниот директор на кардиохирургија, доктор Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.
Во соопштението, уште се наведува дека и тој самиот отишол во полициска станица и го пријавил случајот.
„Фокус“ го контактираше доктор Јовев за да каже до каков иницидент дошло денеска на скопска Кардиохирургија.
„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападаот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален налад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас.
Се друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, истакна карддиохирургот Јовев за „Фокус“,