Реклама
Вести

(ВИДЕО) НАПАДНАТ НИКОЛА РОКВИЌ Пејачот откри грозоморни детали – многу страшна ситуација

Реклама

Никола вчера објави дека парите се собрани, но реши да продолжи со аџилакот за да собере средства и за детското онколошко одделение во Ниш.

Сега Никола јавно им се обрати на Јелена и Новак Ѓоковиќ за да им се заблагодари за уплатената сума.

– Помага Бог драги луѓе, еве 25 ден, го продолжувам овој пат за детската радост и собирање пари за детската онкологија во Ниш. Сакам јавно да ѝ се заблагодарам на драгата Јелана Ѓоковиќ која ја поддржа нашата мисија и која од срце даде донација. Јело, поздрави ми го Ноле, да сте живи, Бог да ве благослави – рече Никола во новото видео.

Маркетинг

-Мир на сите! Вчерашниот ден започна многу радосно, ентузијастички со многу движечка енергија поради постигнатата прва цел, но како што се случува кога се случуваат големи работи, понекогаш радоста не поминува без искушенија! Некаде на половина пат, среде пустош, никаде немаше никој со километри, налетав на глутница кучиња скитници…

Маркетинг

На овој пат секојдневно среќавам кучиња, навикнат сум на некое лаење поради мојот ранец и стапови, но повеќето ме следат пријателски … Вчера беше поинаку… Уште на старт видов дека не се пријателски расположени – започна Роквиќ и продолжи:

– Откако поминав покрај неа, едната женка ги покажа забите и почна да ме напаѓа… Другите кучиња тргнаа по неа… Се обидов да се одбранам со стапови, но тие не се откажаа… Во еден момент помислив, Ќе скокнам врз нив и ќе тргнам во контранапад, со силно карање и ржење по нив, мислејќи дека ќе ги исплашам… Во тој момент буквално почнува борбата за живот… Нивниот гнев стануваше се поголем и поголем… – рече Роквиќ и додаде:

– Ме напаѓаа од сите страни, среќа што не ми беа зад грб, па некако успеав да ги сопрам со стаповите… 6,7 постојано трчаа кон мене, се заглавија во стаповите и не се откажуваа… Женката беше најагресивна, со искривени заби, многу страшна ситуација…

– Нападот траеше неколку минути каде пробав се и ништо не вредеше… Реков готово, ќе ме изеде… Во еден момент не знам од каде ми дојде, само реков гласно МИР, МИР, добро е, се е во ред, доста е… Смирено и понизно направив движење со телото како да ќе се наведнам и да побарам МИР! За секунда сите кучиња ги спуштија главите и ушите истовремено и нападот престана…

Многу страшна ситуација, фала богу помина како што помина!! Нова научена лекција!! На гнев никогаш не се оди со гнев… Само МИР! Од тој момент ми одекнува во главата… Мир на сите… Поклонете му ги главите на Господа… Слава и фала на Бога!!! – заклучи Роквиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button