Ве молам, бидете уште долго со нас: Писмо до нашите баби и дедовци кое го расплака светот

Една мајка на три девојчиња напиша прекрасно писмо со благодарности до сите баби и дедовци. Колин Темпл одлучи, во името на сите родители, да им порача колку тие се сакани и почитувани. Објавата стана вирална, особено во ова време на општа паника кога треба да останеме дома и да го сочуваме своето, но пред сѐ здравјето токму на нашите баби и дедовци како најризична група кога е во прашање коронавирусот.

„Во името на сите родители во светот, сакам да им се заблагодарам на сите баби и дедовци, на нивната посветеност, сочуство, трпение и љубов. Ги заслужуваат сите можни признанија. Со нас се од самиот почеток, ни помагаат за што и да било во секое време. Ги сакаат нашите деца како да се нивни и можеме стопроцентно да им веруваме. Не се грижам ниту во една секунда кога децата ми се со баба и со дедо, знам дека работите се под контрола. Тие се тука кога се радуваме и славиме, но и кога ни е тешко и ни се потребни дополнителни раце. Ни помагаат со обврските околу куќата, внуците ги пазат и мазат, ги носат на сладолед..

ADVERTISEMENT

Имаат разбирање за сите наши специфични родителски барања. На нашите деца им зборуваат дека се прекрасни, силни, креативни, интелигентни, забавни и љубезни. Тие се всушност како ангели од небо. И затоа, во името на сите родители на овој свет, сакам да им се заблагодарам на бабите и на дедовците на нивната посветеност, сочуство, трпение и љубов.

Да им се заблагодарам на сите баби кои седат и цртаат со нашите деца и притоа хистерично ги засмејуваат. Ви благодарам и ви се извинувам за хаосот! Им благодарам на сите дедовци кои секогаш носат забавни, внимателно одбрани работи, поради кои нашите деца веднаш се расположуваат. Ви благодарам!

Им благодарам на сите баби кои ја приготвуваат најубавата супа на светот и секогаш ја има во огромни количини, да имаме и за подоцна. Им благодарам на сите дедовци кои седат со децата на подот и си играат со нив со часови. Ви благодарам!

Им благодарам на сите баби кои ги раскажуваат најдобрите, највозбудливите и најслатките приказни од кои нашшите најмили се апсолутно маѓепсани. Им благодарам на сите баби и дедовци кои рибарат, планинарат и возат велосипед со нашите деца. Ви благодарам!

Им благодарам на сите баби кои биле со нас уште од раѓањето на нашите деца, кои ни биле најголема поддршка, ни го масирале грбот и ни го бришеле челото. Ви благодарам!

Им благодарам на сите дедовци кои менуваат пелени, ги хранат нашите бебиња, им ги бришат мрсулите. Им благодарам на сите баби и дедовци кои ги чуваат нашите деца додека сме на работа, но и во било кое друго време. Ви благодарам!
Им благодарам на сите баби кои секогаш знааат што и кога да кажат. И на сите дедовци кои ни ги зимаат децата од школо кога ние не можеме. Им благодарам на сите баби кои секогаш доаѓаат на сите училишни приредби, натпревари и други случувања во животот на нашите деца. Ви благодарам!

Им благодарам на сите баби и дедовци кои пејат и секогаш знаат како да ги смират внучињата кога се вознемирени. Им благодарам на сите баби кои ги учат нашите деца како да испечат колачи. Ви благодарам!

Она што можам да го направам за моите, но и за родителите на сите родители, за сите баби и дедовци на овој свет, е да викнам со целиот глас колку ги сакам, колку ги почитувам. Чувствувам дека никогаш нема да можам доволно да им се заблагодарам и да им се одолжам за сѐ што направија за нас и за нашите деца. Кога би можела да добијам многу пари на некоја лотарија, да им уплатам некое прекрасно патување, да им купам нови автомобили.. Не! Кога би имала волшебно стапче само би ги ослободила од сите грижи и сѐ што им посакувам е да бидат живи и здрави, уште долго да бидат овде со нас!

Facebook Comments
(Visited 644 times, 1 visits today)
Loading...