Реклама
Новости

Вака денес изгледа жената која Сулејман ја натера да абортира и ја остави за Шехерезад ФОТО

Реклама

Актерите Бергузар Корел и Халит Ергенч важат за еден од најпознатите турски парови.

Серијата „1001 ноќ“ во Турција се емитуваше во периодот од 2006-та до 2009-та година и славниот пар се запознал токму во овој период.

Меѓу нив постоеле силни емоции, на кои, во 2008-ма година кога двајцата биле на службено патување во Париз, не успеале да им одолеат.

Маркетинг

По ова Бергузер му раскинала на дечкото, а Халит побарал развод од 14 години помладата сопруга која тогаш била бремена, па одлучила да абортира. Што прави денес поранешната сопруга на Халит Ергенч?

Маркетинг

Поранешната сопруга на Халит Ергенч е турската актерка Гизем Сојсалди, која е 14 години помлада од него. Во текот на бракоразводната постапка, популарниот Сулејман на Гизем и понудил паричен надомест од 250.000 лири за што поскоро да го прекине бракот.

Во една прилика, првата сопруга на Халит, Гизем Сојсалди говореше за нивниот брак кој траел околу 2 години, па рече дека со него се запознала на плажа во Фочи и дека веднаш се вљубила.

„Јадев риба на плажа во Фочи со една пријателка. Халит таму снимаше филм и беше со тимот од снимањето. Келнерот ни пријде и ни рече: ‘Девојки, Халит Ергенч и Халит Аби се овде и сакаат да ве запознаат’“ – се присети таа.

По ова тие седнале заедно на иста маса, а вели дека веднаш се вљубила во него, заради што по само еден месец одлучиле да стапат во брак.

Гизем претходно дипломирала политички науки, но заради бракот со Халит одлучила да ги одложи сопствените соништа.

Таа се откажала од патувањето во САД и од сонот да стане актерка, а во тоа време нејзиниот сопруг имал толку многу исполнет распоред со ангажмани, што понекогаш немале ниту 10 минути слободни за да се видат.

Таа вели дека сосема неочекувано, тој еден ден дошол и ѝ соопштил дека сака развод, па ѝ рекол дека не сака дете со неа и ја поттикнал да оди да абортира.

„Не сакав да родам дете во таква средина“ – вели таа и додава дека парите што ги добила како надоместок никогаш нема да ја залечат болката што тој ѝ ја нанел.

Гизем во интервју за турските медиуми откри дека и било чудно што Халит инсистирал на брак, со оглед на тоа што тој отсекогаш се плашел од бракот поради својот татко. Имено, тој се женел пет пати, а со сопругите имал шест деца.

Набрзо се испостави дека нејзините сомнежи се оправдани – на љубовната идила помеѓу Гизем Сојсалди и Халит Ергенч дојде крајот кога актерот се заљуби во колешката Бергузар Корел за време на снимањето на филмот „Илјада и една ноќ“.

Таа денес е во брак со режисерот Хусеин Карабеј (52) со кого има син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button