Бошко се врати од Швајцарија и почна да чува магариња – погледнете колку заработува сега
Во овој момент цената на еден литар млеко е околу 50 евра, додека на пазарот во земјите од Европа и неколку пати повеќе.
На имотот на семејството Продановиќ кое живее во селото Чумиќ, сред Шумадија, отворена е првата фарма за магариња во Србија. Во фармата има околу 50 магариња од кои повеќето се женки, како и пулиња.
Бошко Продановиќ, сопственикот на фармата која постепено се развива, вели дека до идејата дошол додека живеел во Швајцарија. Тој таму ќе открие дека млекото од магариња има многу лековити својства па решил да се врати во својата татковина и да создаде своја фарма.
Денес, пет години откако почнал да ја реализира идејата има преку 50 единки на фармата кои во главно се од сопствена репродукција.
Фармата живее од продажба на млеко како и од машките пулиња, што е доволно да ги покрие основните трошоци за храна и работна сила. Преку целата година имаат од десет до 15 магарици за молзење, а наскоро планираат да почнат да произведуваат сирење и креми. Имено, познато е дека и Клеопатра се капела во млеко од магаре за да ја зачува својата убавина и старите Римјани го сметале за луксузен пијалак.
Магарешкото млеко се препорачува за пациенти кои се на хемотерапија, кај оние што имаат проблеми со градите астма, бронхитис и сува кашлица/
Млекото по состав е многу слично на мајчиното млеко и содржи 60 пати повеќе витамин Ц отколку млекото од крава.
„Не се многу тешки за чување. Исхраната им е многу едноставна. Се хранат со сено, разно-разни треви, пченка, јачмен и овес, а не ретко добиваат и стар сув леб како и десерт од неколку коцки шеќер на неделно ниво. Во прашање се таканаречени балкански магариња. Препознатливи се по темната шара што ја имаат преку целиот грби. Го викаме крст и по тоа се препознатливи“, вели Продановиќ во своето интервју за Курир.рс.
Тој додава дека се верува дека Исус Христос со магаре влегов во Ерусалим, и кога ги отворил портите на градот, првиот зрак од сонцето што ги фатило магарето оставило траг во облик на крст на неговиот грб.