Реклама
Наши ѕвезди

Близначките Маријана и Росана животот ги раздвои, а беа омилени пејачки – еве како тие изгледаат сега

Еве како живеат денес познатите сестри

Реклама

Судбината ги раздвои, а денес малкумина би ги препознале

Кога се појавија на сцената беа едни од најубавите пејачки и тоа не само во Македонија, туку и во цела Југославија.

Сестрите близначки Маријана и Росана во својата младост беа едни од омилените пејачки на многу генерации.

Маркетинг

Тие беа познати од Триглав до Гевгелија, а нивната појава во медиумите во тоа време беше вистинска атракција.

Маркетинг
Фејсбук/ Маријана и Росана

Тие тогаш беа млади и убави, а нивната харизма и емоциите со кои настапуваа за кратко време ја освоија публиката.

Маријана и Росана заедно ќе започнат да настапуваат на 17-годишна возраст, а нивните песни од тоа време и денес се слушаат.

Фејсбук/ Маријана и Росана

Сестрите близначки во тоа време беа меѓу најубавите пејачки

Но по распадот на Југославија и во периодот на транзиција, Маријана решава да замине да живее во Австралија каде живее и сега.

Фејсбук/ Маријана и Росана

Таа денес преку социјалните мрежи редовно комуницира со фановите, а се дружи и со пејачката Татијана Лазаревска.

Пред неколку години Маријана реши да се врати на нашата музичка сцена кога заедно со својата сестра се појави на „Макфест“.

Фејсбук/ Маријана и Росана

Тие тогаш ја освоија наградата за најдобра интерпретација, а Росана во една пригода за Гламур магазин откри дека Макфест отсекогаш имал посебно значење за неа и нејзината сестра. „Макфест буди многу спомени во мене. Таму ги испеавме најголемите евергрини со Маријана. Ги имавме најубавите дружби“, се присети тогаш Росана.

Како сестрите близначки изгледаа тогаш, но и во својата младост, потсетете се од видеата во продолжение…

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button