Ако згрешам нека изгорам: Мими од Велес нѐ потсети на тажниот живот на Бафтировски
Денеска на социјалните мрежи сите го споделуваат настапот на Мими Јовановска од вчерашната епизода на Ѕвездите на Гранд“.
Велешанката го остави без зборови жирито со интерпретацијата на два познати рефрена, меѓу кои и безвременската балада на Пепи Бафтировски, која многу години подоцна ја обработи и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.
https://www.youtube.com/watch?v=K1CP2aOcfjg&feature=share&fbclid=IwAR0V8pHw2ZNFPKuD7IF3ZJi2wjtyOyhQLWOp-jj-mDwsx49kBtDDeGVJqEY
„Ако згрешам нека изгорам“ е тема со која нашите млади и надежни пејачи често се натпреваруваат во регионалните шоуа за таленти. Сите се сеќаваме на маестралната изведба на Антониа Гиговска во шоуто „Пинкови ѕвездички“.
https://www.youtube.com/watch?v=0P0u1hhs4Mc
На овој начин сѐ уште живее творештвото на Бафтировски кој важеше за еден од нашите најдобри фолк-пејачи. Во 2003 година со семејството се пресели во Чикаго, а во 2008 му беше дијагностициран рак на белите дробови. Почина на 66 години.
Во Америка се пресели со сопругата Ава Керш со која има две деца, ќерката Марина и синот Емил. Кратко време по иселувањето познатата естрадна двојка се разведе, но Пепи и Ава останаа пријатели до неговата смрт.