LIFESTYLEВирално

Австралија бара работници – платите се од 8000 до 10000 евра. Можат да се пријават и Македонци

Advertisement

И на Австралија ИТНО и се потребни работници

Австралија повторно станува ветена земја за „печалбарите“ од Балканот, особено за оние кои се инженери или медицински лица. Имено, на списокот објавен на австралискиот сајт за визи, токму ова се дефицитарни занимања за кои бараат работници и се подготвени да платат дури 10.000 евра.

Advertisement

Покрај земјите од средна Европа, кои се најчесто дестинации на кои заминуваат нашите сограѓани во потрага за подобар живот, како и околните приморски земји кои се резервирани за сезонски работи, Австралија се врати на мапата и повторно стана привлечна и за Македонските работници. Поради брзиот развој на економијата повторно имаат потреба од работници, за разлика од балканските земји каде платите се далеку пониски, па работниците се почесто бараат работа во некоја развиена земја.

Заминување на печалба на овој далечен континент најмногу ќе им се исплати на докторите, стоматолозите и инженерите, бидејќи токму такви кандидати се најпотребни во Австралија, а платата е од 10.000 ера колку примаат лекарите стоматолози, односно 8000 евра колку заработуваат инженерите.
Медицинските лица најпотребни

Advertisement

Македонските работници кои во своите раце поседуваат некоја од дипломите од медицинските училишта ќе можат лесно да најдат работа за себе, бидејќи на Австралијанците очајно им е потребен медицински персона – од помошни медицински сестри, па до кардиоваскуларни хирурзи.

Покрај медицинските сестри, шанса за работа е имаат и радиолози, радиолошки техничари, логопеди и физиотерапевти.
На основа на податоците достапни на сајтот за визи, потребни се медицински сестри од потесни области на специјализација, односно геронтолошки сестри, педијатриски сестри, медицински сестри ангажиран во Брза помош, како и оние што работат за пациенти со пречки во развојот. Исто така, потребни им се и работници со диплома медицински техничари кои би работеле на одделенија за психијатрија и ортопедија.

Потребни им се и лекари со специјализација од некои од гранките во медицината, како и стоматолози, т.е. стоматолози протетичари, дентални хигиеничари и забни техничари кои исто така имаат голема шанса да најдат работа во „земјата на кенгурите“.

Покрај големиот број медицински работници, во Австралија работа можат да најдат и оние со дипломи од техниките струки.

Инженери од сите профили им се потребни, а посебно инженери во сообраќајот бидејќи во прашање е гранка која постојано се развива. Потребни се и градежни инженери, но и менаџери, архитекти, хемиски инженери, геометри, инженери за транспорт, биохемија и електротехника…

Како до виза?

Конкретно во Австралија постојат два вида на визи – привремени и трајни работни визи. Од 2009 година повеќето привремени работни визи бараат официјално спонзорство од страна на работодавачите. Процедурата за аплицирање за привремена работна виза обично се состои од три фази и секоја следна фаза нема да продолжи доколку претходната не биде исполнета (постојат и неколку привремени работни визи за кои не важат ваквите фази во аплицирањето).

Што се однесува до трајните работни визи пак, работодавачите во Австралија можат да спонзорираат работници од странство за работна виза со траен карактер на период додека работникот активно и совесно ја работи својата работа. Цел на оваа програма за спонзорство е на работодавачите во Австралија да им се овозможи да најдат квалификувани работници кои се дефицит регрутирајќи работници од странство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button