Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – Овните ги очекуваат бурни случувања во спалната соба, а Рибите подобрување на финансиски план

Реклама

 

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Маркетинг

Љубов

Вие или сопирате, така што не можете да се помрднете од место, или љубовните настани ве „напаѓаат“ од сите страни, па не знаете на која страна побргу. На овој прв начин сте функционирале во минатото, но сега е време да прејдете на вториот. Со други зборови, ви претстојат бурни љубовни настани, па не ќе знаете каде ви е главата.

Маркетинг

Работа

Кога ќе ве фати нервоза во првиот дел од седмицата, нема да знаете што прво да сторите. Од сите страни ќе ве спопаднат настани, контакти, договори така што тешко ќе се организирате и ќе ви треба сита умешност успешно да излезете од тоа. Едно нешто е, сепак, сигурно – ќе го завршите и она што сте мислеле дека нема да ниту да го приведете до крај!

Здравје

Сè на здравствено поле би функционирало токму како што треба доколку не се нерврате толку. А овој стрес секогаш е причина за голем одлив на енергија и губење на имунитетот. Избалансирајте се и смирете се, колку-толку.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Љубов

Доколку сте слободни, полека излегувате од љубовната минусна фаза. Некои работи сте успеале да ги помирите во себе, знаете што го сакате, а, исто така,  знаете и дали сте спремни да чекате и да се борите за тоа. Ако мислите дека на некое емотивно минатото сте ставиле точка – навистина е малку веројатно дека тоа е така. Сепак, битно е вие да се чувствувате подобро и посветло да гледате  во иднината.

Работа

Она што веќе долго време сте инвестирале, сега ќе ви биде вратено. Очигледно е дека пред вас се многу подобри денови и на финансиски план, кога конечно ќе може да ги остварите своите планови. Меѓутоа, во првите денови очекувајте голем стрес и нервоза во контакти и преку договори. Не дозволувајте ситуациите толку многу да ве извадат од такт па да посакате некои работи да пресечете.

Здравје

Вашата енергија полека се зголемува и генерално ќе се чувствувате подобро. Обрнете внимание на исхраната, но и на рекреацијата. Постарите Риби може да имаат проблеми со притисокот.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»

© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4

Поврзано

Back to top button