Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – Овните ги очекуваат бурни случувања во спалната соба, а Рибите подобрување на финансиски план

Реклама

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Маркетинг

Љубов

Со цел да дојде до мир и стабилност, потребно е целосно да расчистите некои проблеми кои што подолго време „ве сопнуваат“. Напнатоста е присутна, но не повлекувајте се од разговор. Подобро е работите да се искажат, отколку по кој знае пат да се премолчат и да „висат во воздух“. Кај слободните – новото познанство во целост ве преплавило.

Маркетинг

Работа

Ќе доаѓате во контакт со луѓе со кои тешко се разбирате, или со кои само со голем напор успевате да постигнете задоволителен договор. Не решавајте ги работите набрзина и не пресекувајте некои контакти – размислите добро пред да дејствувате. Можни се помали проблеми и со претпоставените, па потрудете се да бидете потактични со нив.

Здравје

Проблемите што долго време се провлекуваат никако да поминат. Иако сте оздравеле, сè уште ве мачат слабост и недостаток на енергија. Никако не успевате да најдете доволно време за себе и вашиот одмор.

ПОРАДИ ОВИЕ 5 ПРИЧИНИ ТОЈ ЌЕ СЕ ВЉУБИ ВО ВАС: Исполнете ги и тој ќе биде засекогаш ваш!

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Љубов

Можеби личноста што ви се допаѓа не може да го најде вистинскиот начин да ви пријде, или, пак, не наоѓа доволно храброст. Ја гледате нејзината заинтересираност, ама нејзиното однесување ви внесува забуна – час се повлекува, час станува активна кон вас. Не, ова не е никаква игра од нејзина страна, туку несигурност, па затоа е потребно вие малку да ја „подотворите вратата“ и да ù помогнете.

Работа

Работниот сегмент ќе ви одземе доста енергија, но не жалете напор – правите многу добри потези и отворате пат за некои подобри работи. Не сте сигурни за некои договори или личности со кои соработувате, но потрудете се од ваша страна сè да е во ред. Во однос на парите, не сте очекувале дека толку многу ќе се истрошите и сигурно е дека барем во првите денови од оваа седмица ќе мора да се „преброите“.

Здравје

Имате чувство дека не успевате во целост да ја обновите енергијата. Често се чувствувате тешко или исцрпено, а очигледно е дека немате доволно време за одмор и добар сон. Посветете си поголемо внимание.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Љубов

Напнати сте поради некои ситуации поврзани со работа или финансии, па својата нервоза ја манифестирате кон најблиските. Може бурно да реагирате и да правите „комарец од магаре“. Променете го однесувањето. Темпераментот подобро покажете го во спалната соба.

Работа

Многу што изгледало дека ќе се реши брзо и сте биле речиси сто отсто сигурни дека може да сметате на некои деловни проекти или на некои личности. Но, доаѓа до неочекувани застои или промени што ви носат само нервоза и прават да брзате, а вие и сами знаете – во брзање сте многу склони на грешки. Затоа, неопходен ви е добар план, да се организирате.

Здравје

Можни проблеми со стомакот, со варењето на храната. Некои од вас ќе имаат проблеми со главоболка или болки во вратот и рамениците. Обидете се да ја намалите напнатоста.

Кои хороскопски знаци се (нај)верни, а кои неверни?

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button