Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – Овните ги очекуваат бурни случувања во спалната соба, а Рибите подобрување на финансиски план

Реклама

Оваа седмица најсреќни знаци ќе бидат Водолијата, Близнаците и Стрелецот. 

А што ве очекува вам во љубовта, на работа и какво ќе ви биде здравјето, откријте во наредниов неделен хороскоп.

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Љубов

Слободните буквално ќе доживеат преродба – силна енергија се буди во вас, желба за движење, флертување, освојување! Искористете го времето пред вас и остварете ги љубовните желби. Во емотивните врски ќе владее зголемена страст и желба повеќе време да поминувате со саканото лице. Можеби комуникација сè уште не функционира како треба, ама затоа случувањата во спалната соба се повеќе од бурни…

Работа

Можни се некои непријатности преку комуникација, особено со претпоставените. Иако ќе имате желба да им возвратите, не се советува да сте импулсивни. И некои вознемирувачки вести може да ве натераат да ги прилагодите вашите планови или однесување. Прилив ви доаѓа во втората половина на седмицата.

Здравје

Закрепнувањето брзо ќе се одвива. Сепак, до половина на седмицата може да ве следат последици од вирус што сте го прележале.

БИК (21 април – 20 мај)

Љубов

Потребата за страст и за освојувачки потфати и кај слободните и кај оние во врска ќе доведе до желба да се впуштите во нешто што е скриено и далеку од очите на јавноста. Ќе ве преплават немири, желби, страсти и лесно е можно да потклекнете пред нив. Доколку сте во врска – би било добро да размилите пред да одлучите да го сторите тоа.

Работа

Нервоза ќе го означи почетокот на оваа седмица. Ви претстојат одложувања или големи промени, коишто вам на никој начин не ви одговараат. Најмногу мразите да ги менувате своите планови во последен миг, но сега ќе бидете принудени да го сторите тоа. Но, нема причина за загриженот. И покрај планирањето на трошоците, сепак ќе мора да извадите пари од џеб и да платите некои обврски.

Здравје

Кај постарите може да се јават проблеми со притисок или несоница. Помладите треба повеќе да се бавата со физичка активност.

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Љубов

На вашата сакана личнот ќе ù биде навистина тешко да најде компромис со вас. Не драматизирајте без причина, подобро е да се обидете да ја смирите ситуацијата и повторно да воспоставите хармонија. Подобри денови за љубов претстојат пред слободните Близнаци.

Работа

Чувството на тежина на ова поле ќе престане, и тоа многу брзо. Ќе видите некои позитивни (иако мали) придвижувања, отворајќи го патот за наредниот период кој носи само добри случувања. Сега, потрудете се да бидете смирени во повеќето деловни ситуации.

Здравје

Здравствено сте многу подобро отколку претходо. Сигурно е дека ќе се чувствувате добро. Единствено само кај постарите ќе има благ пад на енергијата, но и тоа полека се средува.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button