Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – Овните ги очекуваат бурни случувања во спалната соба, а Рибите подобрување на финансиски план

Реклама

 

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Маркетинг

Љубов

Бидејќи саканата личност во наредниот период ќе се постави како подоминантна, ќе бидат неопходни компромиси и ваше поголемо прилагодување.  Е, сега, прашање е колку навистина ќе бидете во можност…, или ќе имате некои посебни желби за тоа. За сега, сè уште успевате преку страст да „испеглате“  некои ситуации. Слободните Ваги сакаат и потребна им е онаа вистинска љубов и поврзаност, а она што ви се „нуди“ е страст и минливи, несериозни врски.

Маркетинг

Работа

Неопходно е да направите некои големи резови и промени во плановите, ама и во договорите. Очигледно е дека ситуацијата нема да може да функционира онака како вие сте замислиле. Можно е во последен момент да дојде до пресврт што ќе ве изненади. Знаете што сакате, но почнувате да сфаќате дека ќе ви биде потребно многу време за ова и да го реализирате.

Здравје

Излегувате од период во кој често се чувствувате без енергија, статични, уморни. Кај постарите може да се јават проблеми со синус, главоболки или притисок.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Љубов

Треба да бидете свесни дека од вас зависи во која насока ќе се движи вашиот однос со партнерот. Доколку вие иницирате позитивни настани и страст – сè ќе биде во ред. Ако, пак, внесувате нервоза, се однесувате  премногу импулсивно – и вашиот однос со саканата личност ќе страда. На вас е сега одговорноста. Ако сте сами, моментално сте исклучиле размислување и срце, а страста сте ја вклучиле на максимум.

Работа

Пред вас е период на голема активност, иницијативи, активности и настани. Оваа сила што ја имате во моментов ќе мора малку да ја ограничите, барем на почетокот на седмицата. Тешко ви е да бидете трпеливи, но сè уште мора да функционирате внимателно. Иако приливите се доста стабилни, евидентно е дека трошоците и обврските ви „јадат“ најголем дел од парите што ги добивате.

Здравје

Без никакви брзања и тестирања до крајни граници кога станува збор за спорт и рекреација. Може лесно да се повредите. Постарите може да имаат проблеми со рамениците, рацете, колената, главоболка…

ЗОШТО ОЧАЈНО ВЕ ПОСАКУВААТ? Некои од вас се мајстори в кревет, а некои мајстори за флерт!

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Љубов

За слободните Стрелци доаѓаат навистина убави денови, исполнети со нови познанства, голем интерес од спротивниот пол за вас, страст. Иако сè уште не сте во најдобро расположение, наскоро ќе бидете. За разлика од слободните, кои навистина имаат предиспозиција да уживаат, кај оние во врска дефинитивно потои голем проблем. Најдобро е двајцата отворено да позборувате.

Работа

Само немојте да претерувате во некои барања, непотребно да ’кочите’ одредени договори и да правите големи промени во плановите – и пред вас ќе биде една исклучително поволна деловна седмица. Потрудете се да бидете подготвени за компромис, но во исто време и рационални и промислени. Парите ве напуштаат, а вие моментално не знаете како да најдете начин да ги спречите овие одливи.

Здравје

Обидете се да го контролирате стресот, бидејќи сте свесни дека не си правете себе си добро. Пронајдете „издувен вентил“ преку рекреација или преку разговор со личности кои ве разбираат. Кај постарите можни се дигестивни проблеми.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Љубов

Некои од вас целосно се свртени кон материјалниот и финансискиот аспект, оставајќи ја љубовта „за подобро време“. Но, токму овој деловен сегмент може да им донесе пријатно изненадување на слободните. За сега, сè се одвива на ниво на комуникација и повремени деловни контакти, но тука работите ќе се променат наскоро… За оние во врска, постои можност да ја поправите ситуацијата со саканата личност.

Работа

Од вас се очекува многу, но ви се чини дека за возврат не добивате онолку колку што заслужувате. Надредените ве ’натовариле’ со обврски така што едноставно не можете да „дишете“. Колку и да ви е тешко, покажете ја својата сила и одговорност и оваа седмица. Не бидете нервозни и импулсивни, бидејќи ништо нема да добиете со тоа. Полека, ситуацијата ќе се расчисти.

Здравје

Енергијата и силата на вашиот организам не е неисцрпна, особено ако дозволите стресот и напнатоста да ве „јадат“. Обидете се да најдете време за себе, за одмор и релаксација. Поправете нешто во начинот на исхраната.

Кои хороскопски знаци се најдобри за ‘брачен материјал’?

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button