Реклама
Хороскоп

Голем годишен хороскоп за 2017: Астро прогноза за сите знакови – љубов, здравје, работа и финансии во следната година

Реклама

 

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Маркетинг

Во текот на 2017 година ќе имате доволно време да се посветите на сè што сакате. Нема ненадејни промени и лесно ќе се справите со сè ‘што ќе се случува.  Ви се советува да поминувате повеќе време со членовите на семејството и пријателите, дури и тогаш кога ќе сакате повеќе да се посветите на работата. Посветете се и на работите што сакате да ги правите и оваа година секако ќе биде добра.

ЉУБОВ

Маркетинг

Ако сте во врска, и во текот на 2017 година ќе продолжи мирната атмосфера. Се препорачува да ги прифатите грешките што сте ги направиле. Признајте го фактот дека имате помалку енергија од партнерот и потрудете се да постигнете компромис со цел сè да биде добро за двајцата. Љубовта нема да биде во преден план во текот на 2017 година. Ако не сте во врска, тогаш ќе мора да се потрудите да влезете во нова. Но, тоа значи дека ќе мора да поработите на себе. Ќе мора повеќе да се поврзете со вашите чувства и да покажете искрени чувства доколку сакате да најдете партнер. Истото важи и при склопување нови пријателства.

КАРИЕРА

Ќе ви се чини дека сè се врти околу работата во 2017 година. Исто така, ќе ви се чини дека повеќе и понапорно работите на работа. Можеби се плашите од неуспех и затоа е можно да станувате понервозни во близина на претпоставените во одредени периоди. Ќе бидете многу покреативни, искористете го тоа на работа. Не плашете се да предложите добри идеи! Можеби ќе добиете бонус или зголемување на платата токму поради тоа.

ПАРИ

Повеќе ќе бидете насочени кон финансиите отколку претходните години. Тоа не значи дека нешто ќе се смени преку ноќ, туку дека повеќе ќе размислувате за финансиите и можностите за подобрување. Ако веќе имате основано семејство, ќе се одлучите за штедење за да имате доволно за ’црни денови’.

ЗДРАВЈЕ

Кога станува збор за здравјето, оваа година ќе биде како рингишпил. Нема да има големи подеми и падови, но и оние помалите ќе се забележат. Нивото на енергија ќе варира. Во еден момент ќе се чувствувате како да имате многу енергија, а во друг период, како да немате ниту малку енергија. Кога ќе имате доволно енергија, вежбајте, во спротивно може да се здебелите. Потрудете се да се храните здраво. Повремено ќе бидете вознемирени. Обезбедете си доволно спиење.

СРЕЌА

Она што може да го спречи напредокот е песимизам и тврдоглавост. Обидете се тоа да го намалите и 2017 година ќе биде добра година. Она што ви оди во прилог е амбициозноста и тоа што знаете што точно сакате. Концентрирајте се на вашите цели.

ЗАКЛУЧОК
2017 е година на финансиско подобрување, но вашето здравје е чувствително.

ВОДОЛИЈА (21 ЈАНУАРИ – 19 ФЕВРУАРИ)

Во 2017 година може да очекувате сериозен пресврт. Повремено ќе ви биде досадно, но имајте на ум дека може правите повозбудливи нешта отколку само празнење на банкарската сметка. Со колегите може да имате пријателски односи за да ви биде позабавно на работа. Слободните денови искористете ги за забава. Интелигентни сте и шармантни и може да бидете најдобар пријател којшто некој може да го има. Не ја сакате здодевноста. Сакате да ги искористите предностите на секој момент.

ЉУБОВ

Ако сте во пријателска или љубовна врска, чувствата ќе станат посилни кон пријателот/пријателката или кон партнерот. Ако се работи за пријателски однос, тоа значи дека ќе започнете да излегувате со пријателот и вашата врска ќе се подигне на следното ниво. Досега сте биле спонтани и опуштени, но оваа година ќе станете посериозни во врската. Дружете се со луѓе кои ги сакаат истите работи како и вие. Семејството ќе ви биде многу важно оваа година. Членовите на семејството може да ви помогне во изборот и оценување на тоа дали некој е добар за вас или не. Ќе размислувате и за принова. Сè додека знаете што точно сакате, ќе уживате во друштвениот и љубовниот живот.

КАРИЕРА

Во претходните години сте запоставиле некои деловни обврски. Оваа година ќе мора посериозно да се зафатите со работата доколку сакате да имате доволно пари за сите ваши потреби. Бидете сериозни на работа, но, во исто време, не плашете се да ги споделите вашите креативни идеи со претпоставените.

ПАРИ

Во текот на 2017 година ќе треба да внимавате на вашите финансии. Многу е лесно да се најдете во финансиски проблеми доколку прекумерно трошите. Ќе мора да се жртвувате малку, но долгорочно гледано, тоа и ќе ви се исплати.

ЗДРАВЈЕ

И покрај тоа што обично сте полни со енергија, ова не е случај во 2017 година. Сепак, продолжете со вежбањето со цел да ја задржите добрата форма. Вежбајте умерено; ако претерувате, може да дојде до повреди. Оваа година е повеќе за одмор и релаксација отколку за напорни вежби. Јадете здрава исхрана, размислете и за вегетаријанска исхрана. Ако јадете брза и нездрава храна, ќе се здебелите и нема да се чувствувате добро. Не дозволувајте да ја изгубите добрата форма.

СРЕЌА

Ви се допаѓа да испробате нови работи и да запознаете нови луѓе. Иако оваа година ќе бара повеќе работа од вас, тоа не значи дека секогаш ќе биде така.

ЗАКЛУЧОК

2017 година се година на пресврт, веселба и забава.

РИБИ (20 ФЕВРУАРИ – 20 МАРТ)

2017 може да биде одлична година ако ги преземете вистинските чекори. Ќе мора да се жртвувате малку. На прво место треба да го ставите прашањето за вашата побезбедна иднина. Во меѓувреме, слободно опуштете се и забавувајте се кога е можно. Не заборавете да посветите време на членовите на семејството и на пријателите. Ова ќе биде динамична година. Креативни сте, интелигентни и  пријателски наклонети и со овие квалитети не постои нешто што вие не би можеле да го реализирате.

ЉУБОВ

Во текот на 2017 година ќе бидете почувствителни и поотворено ќе го покажувате она што го чувствувате, дури и кон новите личности во вашиот живот. Ова ќе привлече повеќе личности во вашиот живот оваа година. Ако сте слободни, веќе на почетокот на годината ќе најдете нов партнер/ка. Може да имате повеќе помали, но возбудливи авантури. Ако сте во врска, време е за промена. Испробајте нови работи со вашиот партнер за да ги разбудите страстите. Романтично патување е добра идеја. Не пропуштајте ништо, потрудете се да уживате во секој момент. Ова е добра година за планирање бременост. Некои од вас ќе почнат да излегуваат со пријател/ка и пријателскиот однос ќе прерасне во љубов.

КАРИЕРА

Деновите на работа брзо ќе изминуваат. Деловните и друштвените активности ќе бидат испреплетени. Ќе се зближите повеќе со соработниците. Ова ќе ви ја разубави атмосферата на работа. На претпоставените и колегите ќе им се допаднат вашите идеи. Затоа, не плашете се да ги споделите! Ако студирате или дополнително се школувате, ќе се зближите со другите студенити и со професорите.

ПАРИ

Во текот на 2017 година внимателно следете ја вашата финансиска состојба. Може да се случат некои пропусти. Ако трошите пари на непотребни нешта, веројатно е дека нема ќе ги немате кога ќе ви требаат. Најдобро што можете е дел да трошите, а дел да заштедите.

ЗДРАВЈЕ

Ова е динамична година! Ќе бидете полни со енергија. Ова ќе ви даде доволно сила да се соочите со предизвиците што ви претстојат. Не оптоварувајте се се со ситници. Уживајте во сегашниот момент.Терапија со мМузика ќе ви помогне да одржувате мирен ум.

СРЕЌА

Може да очекувате многу промени во текот на 2017 година. Може да станува збор за мали промени, како што е промена на стилот на облекување или големи промени, како што е излегување од стара љубовна врска или влегување во нова. Споделете ги вашите добри вибрации и разубавете ги моментите и на пријателите.

2017 година е забавнаа и романтична сè додека обрнувате внимание на финансиската состојба.

Илустрации: aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4

Поврзано

Back to top button