Реклама
Хороскоп

Голем годишен хороскоп за 2017: Астро прогноза за сите знакови – љубов, здравје, работа и финансии во следната година

Реклама

 

ВАГА (23 СЕПТЕМВРИ – 22 ОКТОМВРИ)

Маркетинг

Нема да ги пропуштите можностите во 2017 година, иако работите ќе се одвиваат брзо. Искористете го вишокот енергија за постигнување на целите. Обидете се да го средите приватниот живот. Најдете време за дружење со пријателите и членовите на семејството. Пред вас е одлична година ако се обидете да водите избалансиран живот. Бидете умерени во сè. Животот е испреплетен со добри и лоши работи. Можеби се чини дека е тешко да се испланира иднината, но не е невозможно. Поикажете ги вашите способниски, бидејќи карактеристика на Вагата е да постигне рамнотежа во сите аспекти на животот. Имате вистинска смисла за она што е прво и она што не е во ред и затоа ќе се издвоите од толпата. Харизматични сте и романтични и сите доблести што ги имате ќе ви помогнат во текот на 2017 година.

ЉУБОВ

Маркетинг

Ова е година на нов почеток. Ако сте сами, тогаш ова е ваша година во која ќе ја пронајдете вистинската љубов! Ќе имате повеќе доверба што ќе ви помогне при флертувањето со некоја личност кој ве привлекува. Ако сте прекинале некоја врска, време е да продолќите понатаму. Не може да влезете во нова врска доколку сте преокупирани со некого. За оние кои се во врска, се препорачува да направат обид да постигнат рамнотежа во односите. Потрудете се да ги разбудите страстите, да бидете романтични, но исто така ќе треба да го препознаете моментот кога ќе треба да се смирите и да му дадете простор на вашиот партнер. Не сомневајте се во партнерот, бидејќи тогаш и партнерот ќе се сомнева во вас. Оваа година може да планирате бременост. Ако сакате нов пријател или пријателка или нова љубов, тогаш е време да почнете да се движите повеќе и да пристапите до непознати, странци…

КАРИЕРА

Секогаш се стремите да научите нови работи и тој тренд ќе продолжи и во текот на 2017 година. Ако сте студент, оваа година ќе имате одлични резултати. Истото важи и за оние кои дополнително се школуваат. Ако работите, тогаш ќе научите некои нови вештини на работното место. Општо земено, кога станува збор за интелектуалните активности, ќе ви оди многу подобро. Но, затоа ќе треба да посветите повеќе време на физичката форма. Деловните одлуки не носете ги нагло, туку добро промислите.

ПАРИ

Бидете умерени со трошоците. Ќе ве привлекуваат скапоцени и убави предмети, како што се уметнички дела, но имајте на ум дека мора да ви останат пари за плаќање на сметките и за јадење! Ако не стоите добро финансиски, не трошете пари непотребно!

ЗДРАВЈЕ

Се препорачува да се посветите на спортски активности и вежбање за да останете во форма целата година. На тој начин полесно ќе ги донесувате одлуките во однос на претходните години. Не заборавајте ги страстите! Посветете се на некое хоби и на одржување на односите со пријатели и роднини. Држете се настрана од брза и нездрава храна.

СРЕЌА

Ќе ви се чини дека времето поминува брзо. За среќа, ќе имате доволно енергија да се справите со сето она што е пред вас. Нема да ви падне тешко да одите во чекор со промените.

ЗАКЛУЧОК

2017 година е возбудлива година во која ќе имате многу енергија.

ШКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 22 НОЕМВРИ)

2017 година носи подеми и падови, но бидете оптимисти. Избегнувајте стресни околности и доволно одмарајте се, бидејќи колку сте поопуштени, толку ќе бидете поуспешни. Живејте го сегашниот момент. Пред вас се бројни деловни и друштвени настани, како и достигнувања. Сепак, ова не значи дека треба да брзате. Одвоите доволно време детално да размислите за сè. Тоа е начинот да останете во вашата зона на удобност. Сепак, не би требало да се воздржувате од нови нешта, затоа што 2017 година ќе биде повозбудлива и поинтересна со нови работи! Храбри сте и ќе преземете сè што треба за да ги постигнете вашите цели. Во исто време, верни сте на партнерот и сигурен пријател сте. Понекогаш сте таинствени околу своите намери и љубоморни сте. Ако сакате добра 2017 година, тогаш играјте на вашите адути.

ЉУБОВ

Ако не сте во врска, во 2017 година ќе најдете нова љубов! Но, ќе треба да излезете од вашата зона на комфор. Ако сакате да запознаете нови луѓе, пробајте нови работи, посетете нови места. Бидете поотворени и помалку таинствени, затоа што тоа ќе ви помогне при склопување нови пријатели и наоѓање партнер. Ако сте во врска, обидете се да бидете поотворени кон партнерот. Тогаш се поголеми шансите да се постигнат компромиси. Потрудете се на партнерот да му ги објасните своите потреби и желби. Исто така, слушајте кога зборува партнерот, со цел подобро да ги разберете неговите/нејзините потреби и желби. Отворено разговарајте за сè. Сè ќе биде повеќе отколку добро ако остварите рамнотежа. Без разлика дали се работи за стара или нова врска, ќе биде возбудливо и страстно в кревет! Ако сакате нови пријатели во вашиот живот, тогаш приклучете се на енкој клуб или здружение, во зависност од вашите интереси. Ова е одличен начин да се бавите со она што го сакате и да запознаете нови луѓе кои ги сакаат истите работи.

КАРИЕРА

Во 2017 година ќе мора да работите повеќе отколку во претходните години. Но, тоа ќе се исплати и ќе ви донесе успех! Концентрирајте се на работа и бидете професионални. Извршувајте ги сите задачи на време и да ја преземете нешто ново ако е потребно. Бидете љубезни со претпоставените и колегите.

ПАРИ

Бидејќи повеќе ќе работите, повеќе и ќе заработите! Ако моментално се соочувате со финансиски тешкотии, наскоро ќе најдете начин за излез од кризната ситуација. Еднаш штом ќе ги решите проблемите, погрижете се таквата ситуација да не се случи повторно. Шштедете пари за ’црни денови’.

ЗДРАВЈЕ

Ќе имате многу енергија; придвижете се и почнете да вежбате, ако досега не сте. Општо земено, ќе се чувствувате подобро отколку претходните години. Физичката енергија мора да ја искористите со цел да се чувствувате подобро и да бидете во добра форма, но, исто така, ќе треба да ја искористите и силата на умот за да бидете во предност. Тоа ќе ви користи и на работа и во учењето.

СРЕЌА

Ќе ви се чини дека времето тече побрзо, што може да предизвика стрес, но не грижете се за тоа! Ако не ги избегнувате стресните ситуации и допуштите негативните чувства да ве преправат, тоа може да се одрази врз вашето здравје. Едноставно, пуштете сè да оди по својот тек.

ЗАКЛУЧОК

Најдобар начин да се соочите со она што е пред вас во 2017 година е да бидете опуштени и посвежи колку што е можно повеќе.

СТРЕЛЕЦ (23 НОЕМВРИ – 21 ДЕКЕМВРИ)

Во 2017 година, работите брзо ќе се одвиват и најдобро што можете е да останете смирени во разни ситуации. Не вознемирувајте се за секоја ситница, тоа нема да ви помогне. Ако ви треба одмор, не двоумете се да побарате годишен одмор. Бидете љубезни кон пријателите и членовите на семејството. Немојте да се исцрпувате телесно или интелектуално преку границите на издржливото. Наспроти сè, ова може да биде одлична година! Научете сè што можете преку вашите искуства и истражувајте! Понекогаш делувате немарно, но тоа вашиот живот го прави повозбудлив.

ЉУБОВ

Со силната ментална моќ доѓаат и силни чувства. Додека донесувањето професионални одлуки ќе биде тешко, одлуките поврзани со љубовниот живот ќе го носите многу полесно. Следете го своето срце! Ако сте сингл, тогаш ова е вашето време да преземете акција. Бидете спонтани! Може да се случи со  поранешната љубов повторно да воспоставите односи. Ако сте во врска, тогаш изненадете го партнерот. Покажете ја вашата страст и ќе биде повозбудливо. Не размислувајте за минатото, концентрирајте се на сегашниот момент и дајте сè од себе да ви биде дури и подобро. Ќе размислувате за принова. Кога станува збор за пријателските односи, бидете искрени. Не мачете се да оставите силен впечаток врз личности за кои не се грижите. Бидете искрени кон себе и кон пријателите. На тој начин, поголема е веројатноста пријателските односи да се зајакнат.

КАРИЕРА

Работата може да биде понапорна во 2017 година во споредба со претходните години. Многу енергија ќе оди на завршување на работите. Исто така, работата ќе бара многу концентрација. Не губете го трпението. Дури и за потешките деловни задачи и одговорности, успешно ќе наоѓате ефикасни начини и решенија. Не само тоа, туку ќе ви се укажат и нови можности за бизнис. Потрудете се да бидете љубезни кон претпоставените. Сигурно е дека тоа ќе има важна улога за напредување во работата.

ПАРИ

Иако работата ќе биде исцрпувачка и иако понапорно ќе работите, тоа ќе ви се исплати. Ќе бидете повеќе платени. Вашата финансиска ситуација ќе се менува. Останува на вас дали овие промени ќе бидат на подобро или на полошо. Ќе имате пари за вложување, но мудро ракувајте со парите.

ЗДРАВЈЕ

2017 година ќе биде исцрпувачка. И додека вашиот ум е во одлична форма, не може да се каже истото за вашето тело. Важно е да вежбате, но не форсирајте, бидејќи може да дојде до повреди. За да постигнете подобра форма, внимавајте и на исхраната. Кога ќе се чувствувате уморни, исцрпени и под стрес, одвоите време за квалитетен одмор.

СРЕЌА

Интелектуално сте во одлична форма и проблемите побрзо ќе ги решавате. Тоа во голем степен ќе ви ја олесни ситуацијата на работа, ако студирате или дополнително се школувате. Кон пријателите ќе бидете пољубезни.

ЗАКЛУЧОК

2017 година ви носи многу работа и друштвени активности.

Премини  на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button