Реклама
Хороскоп

Голем годишен хороскоп за 2017: Астро прогноза за сите знакови – љубов, здравје, работа и финансии во следната година

Реклама

 

РАК (21 ЈУНИ – 20 ЈУЛИ)

Маркетинг

Сè брзо ќе се одвива во текот на 2017 година. Во чекор со промените, фокусирајте се на нештата и не работете повеќе отколку што морате или требате. Промислете пред да дејствувате за да избегнете непотребни компликации кои само ќе ве успорат. Машките Ракови може да работат на подобрување на односите, емоционални сте и ќе бидете во можност полесно да го изразувате она што го чувствувате. Ќе биде поромантични. Искористете ја енергијата што ќе ја имате и  забавувајте се оваа година. Понекогаш, може ќе има збунувачки настани, ама полесно е кога знаете што да очекувате. Кога ги правите работите што ги сакате, вие сте спонтани и креативни. Пријателите ги цените и сакате. Понекогаш имате променливо расположение поради преосетливост. Сепак, оваа година ќе имате повеќе сила да се соочите со различните ситуации.

ЉУБОВ

Маркетинг

Во текот на 2017 година, со зголемената интелектуална и физичка сила, ќе бидете пострастни и во љубовта. Ако сте во врска, тогаш бидете подготвени за најдоброто! Во врските ќе се разбуди оганот на страста и ќе се сакате меѓусебно повеќе отколку порано. Работите може брзо да се одвиваат, како што е бременост, но не грижете се! За вас кои сте во двојка предвидувањата се одлични, ќе уживате со партнерот доколку, едноставно, пуштете да биде тоа што ќе биде. Ако не сте во врска, тогаш ќе ја најдете новата љубов во 2017 година. Многу е веројатно дека ќе се согласите на повеќе средби отколку што инаку би се согласиле. Пред вас се низа опции. Сето тоа води кон нешто прекрасно и не плашете се да испробате нови нешта или некоја нова личност. Ќе бидете подружељубиви и доколку сакате да склопите нови пријателства, движете се во нови места и на оние места кои ве привлекуваат. Ќе запознаете личности со кои ќе најдете заеднички интереси.

КАРИЕРА

Ќе ви се чини дека работата и кариерата ви се живот. Работите ќе се одвиваат брзо, особено во почетокот на годината. За среќа, полни сте со енергија и успешно ќе се справи со сите промени. Искористете ја таа енергија да поработите на вашите проекти. Во периодите кога Меркур е ретрограден, треба да внимавате на односите со претпоставените.

ПАРИ

2017 година ви носи можности за добри инвестиции. Бидејќи ќе имате повеќе енергија, ќе бидете во можност да работите повеќе, а тоа значи повеќе пари. Сепак, не занемарувајте го приватниот живот поради стекнување повеќе пари. Згора на тоа, таквиот став може да ви создаде премногу стрес.

ЗДРАВЈЕ

Во одлична интелектуална форма сте, ама потрудете се да постигнете и одлична физичка форма. Вежбајте повеќе. Ако не вежбате повеќе, тогаш тоа негативно ќе се одрази на состојбата на вашето тело.

СРЕЌА

Повеќе добро расположение може да очекувате во текот на 2017 година. За тоа  помага и зголеменото ниво на енергијата. Сега, кога имате повеќе енергија, потрудете се да ги искористите нејзините предности.

ЗАКЛУЧОК

Во 2017 година ќе има доста промени и променливо расположението, но за среќа, ќе имате доволно енергија со сето тоа да се справите.

ЛАВ (21 ЈУЛИ – 21 АВГУСТ)

2017 година може да ви изгледа бавна, ама барем полесно ќе се справите со сите настани. Ќе бидете во предност затоа што ќе бидете во можност повеќе да направите, доколку времето го искористите мудро. Дајте сè од себе за да постигнете напредок во 2017 година. По деловните обврски, потрудете се да поработите на односите со пријателите и саканите. Кога нешто сакаш, истрајни сте и одите до крај. Знаете што сакате и ќе преземете сè што е во ваша моќ да ја остварите вашата цел. Полни сте со енергија и оптимизам. Поради вашиот позитивен став склопувате одлични пријателства.

ЉУБОВ

Ќе ви се чини дека ситуацијата се развива бавно, ама оди кон подобро. Ако сте во врска, таа ќе стане посериозна или вие посериозно ќе гледате на вашата врска. Ако планирате да забремените, не брзајте, туку размислете за тоа. Ако излегувате со некого за забава, може да се одлучите за заеднички живот или за свршувачка! Доколку сте веќе свршени, може да се одлучите да стапите во брак. Ако сте во брак, ќе се одлучите за бебе или преселба. На еден или на друг начин, во 2017 година ќе ги продлабочите вашите односи, бидејќи во текот на оваа година ќе научите нешто повеќе и ќе се стремите кон тоа подобро да го запознаете партнерот, па и самите себе. Поголемиот дел од времето вашиот љубовен живот ќе биде во преден план. Но, при крајот на годината е поверојатно дека ќе ве привлекуваат забави, дружење со пријателите и излегувања. Кој знае, можеби некој однос со пријател/ка ќе се продлабочи и ќе се претвори во нешто навистина посебно доколку не сте во врска.

КАРИЕРА

2017 година ви носи подебел паричник. Нови бизнис можности се пред вас. Искористете ги! Многу е веројатно дека ќе имате многу работа и материјал за размислување. Иако тоа може да биде стресно во одредени периоди, сепак ќе се исплати на долг рок. Од друга страна, не се исплаќа сето време да се посвети на работата, туку треба да се најде рамнотежа. Поработете на односот со некој  ваш претпоставен. Ако претпоставениот ви е наклонет, можеби ќе добиете и унапредување.

ФИНАНСИИ

Ќе имате можности за зголемување на приходите во текот на 2017 година. Можеби една ваша стара инвестиција ќе се исплати или можеби ќе добиете на лото!

ЗДРАВЈЕ

Ќе има подеми и падови на енергија. Вежбајте кога имате доволно енергија и, покрај телото, јакнете го и умот. Кога ќe се чувствувате исцрпено и без енергија, тогаш одморајте се. Само имајте на ум да ја искористите енергијата кога ќе ја имате, во спротивно ќе станете мрзеливи.

СРЕЌА

Работите ќе ви станат појасни отколку порано. Брзо ќе донесувате значајни одлуки со помош на логично размислување. Тоа ќе ви помогне на работа и преку односите со другите. Исто така, и вашите чувства ќе минуваат низ подеми и падови во текот на 2017 година. Не дозволувајте емоциите да се вмешаат во донесувањето одлуки. Иако вашите чувства во одредени периоди ќе бидат интензивни, тоа може да ви помогне во односите со пријателите и со саканата личност.

ЗАКЛУЧОК

2017 година ви носи големи можности и позитивни настани кои водат кон напредок.

ДЕВИЦА (22 АВГУСТ – 22 СЕПТЕМВРИ)

Сè ќе се одвива бавно, но истовремено ќе имате предности. Ќе ви се чини дека немаат доволно силно влијание како што би сакале, но долгорочно гледано, сè ќе ви се исплати. Ѕвездите ве предупредаат да бидете љубезни кон претпоставените, пријателите и партнериите. Во текот на 2017 година, односите со другите ќе бидат многу важни. Држете се настрана од стресни ситуации. Секогаш одвоите време за луѓето кои сакаат на за хобијата во кои уживате. Се стремите кон друштво на високо интелигентни и практични луѓе. Сакате да обрнувате внимание на детали. Во текот на 2017 година можеби не ќе можете да бидете задоволен од односите со другите, но секогаш може да сметате на колегите и шефовите. Како и секогаш, подготвени сте за напорна работа и нема да имате време за туѓите безобразлуци или одвлекување на вниманието.

ЉУБОВ

Оваа година ќе бидете поподготвени да влезете во нова врска. Можеби станува збор за пријателска или љубовна врска. Можеби ова ви изгледа чудно, но тоа е секако дел за зголемување на вашата енергија. Младите парови може да се соочат со тешкотии поради желбата да се импресионираат еден со друг. Ако сте во врска, работите ќе ги гледате посериозно и емоциите ќе бидат поинтензивни. Генерално, сè може да ви се чини поинаку. Дали промените ќе бидат на подобро или полошо, зависи од тоа како вие ќе се справувате со истите. Можеби принова ќе донесе голема промена во вашата врска. Постарите парови ќе сакаат да испробаат нешто ново. Можеби се работи за преселба, наоѓање нова работа или одење на одмор. Време е за остварување промени во вашата врска. Во текот на 2017 година и пријателствата ќе станат посилни и, доколку не сте во врска, не е исклучено да почнете да излегувате со пријател/ка.

КАРИЕРА

Секогаш сте подготвени за напорна работа и не може да ве спречат еднаш штом ќе имате јасна цел на која ќе може да работите. Вашиот деловен свет може да се промени. На почетокот на оваа година ќе имате многу работа, но таа ќе се намалува како што се ближи крајот на годината.

ФИНАНСИИ

Финансиите ќе ви бидат важни и ќе работите повеќе за да обезбедите подобра финансиска состојба. Ако студирате или посетувате курс и работите истовремено, тогаш размислете за тоа како да се фокусирате повеќе на образованието или како да најдете друга работа ако во моментов ја немате.

ЗДРАВЈЕ

2017 година ќе биде прилично стресна. Ќе ви требаат повремени паузи и доволно одмор. Ќе имате доволно енергија којашто ќе ви треба да се справите со сите одговорности на работа во текот на денот и во вечерните часови со децата или пријателите. Ретроградниот Меркур може да донесе хаотични моменти во вашиот приватен живот. Брзо ќе реагирате и брзо ќе донесувате заклучоци кога тоа ќе потребно. Обезбедете здрава исхрана во текот на ваквите периоди за што повеќе да го подигнете нивото на енергија. Исто така, бдете љубезни кон другите и ширете добри вибрации. Испробајте некои нови техники, како учење јога на пример.

СРЕЌА

Ќе бидете полни со енергија. Никогаш нема да ви биде досадно, освен ако не е време за спиење. Ова е токму она подигнување на енергијата коешто сте го чекале! Зголемената енергија ќе ви помогне да го хармонизирате телото и умот.

ЗАКЛУЧОК

Во текот на 2017 година ќе имате многу работа, но ќе успеете да го усогласите корисното со забавното.

Премини  на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button