Реклама
Хороскоп

Голем годишен хороскоп за 2017: Астро прогноза за сите знакови – љубов, здравје, работа и финансии во следната година

Реклама

Дали и вие почнавте да забележувате дека годините што доаѓаат и си одат сè повеќе оставаат траги на нас, отколку ние на нив.

godisen2016kocka

Но, дали мора така? Можеби токму 2017 година е вашата голема шанса! Во сојузништво со ѕвездите, пронајдете го сето она што е добро и што може да ви помогне во она што сте наумиле и од што не би требало да се откажете. Бидејќи, имаме само еден живот, а тоа не е генерална проба. Пред вас е годишниот хороскоп за 2017 година!

Маркетинг

ОВЕН (21 МАРТ – 20 АПРИЛ)

Маркетинг

Во оваа година подобро ќе ги контролирате вашите емоции. Нови можности ќе ви се отворат. Сè што ви треба да излезете крај сето тоа е да ја насочеите директно вашата енергија. Другите ве гледаат како забавна и дружељубива личност.

Сакате да испробувате нови нешта и да запознавате нови луѓе. Ја имате силата на волјата и не дозволувате никој да ве забави. Но, понекогаш знаете да бидете навистина тврдоглави. Имате повеќе добри страни од лоши и тоа ќе ви помогне во 2017 година.

ЉУБОВ

Ова е година на љубов за вас! Ако сте задоволни во врската во која сте, тогаш вашата врска ќе стане посилна и повозбудлива. Ќе бидете почувствителни од вообичаено, што ќе ви помогне полесно да ги изразувате своите чувства на партнерот. Комуникација ќе биде поудобно, но нема само да зборувате! Ова е многу страствена години. На овој или на друг начин вашиот љубовен живот ќе биде ’зачинет’. Ако сте сами, оваа година ќе запознаете нова личност. Излегувајте на нови места и уживајте во дружења и нови познанства. Ако сакате принова во семејството, оваа година вашата желба може да се обистини. Ако тоа сепак не го сакате сега, преземете ги сите неопходни мерки. Повеќе ќе се движите и ќе имате на повеќе можности да бидете со некого. Доколку го имате она добро чувство, не двоумете се и тргнете во акција. Генерално, оваа година ќе запознаете голем број нови личности и ќе склопите многу пријателства, а можеби ќе бидете подготвени и за влегување во брачните води.

КАРИЕРА

Оваа година ќе имате многу промени и една важна промена може да се оствари токму во областа на кариерата и работата. Ако не ви се допаѓа вашата работа, тогаш 2017 година е таа која ќе донесе значајни промени. Впрочем, дали има воопшто смисла да ја работите работата којашто не ви се допаѓа? Зошто да се помирите со ситуацијата ако може да работите на остварување на вашите соништа и да ја работите работата во која може да уживате?

ПАРИ

Пред да се одлучите на какви било промени, погрижете се вашата финансиска состојба да е уредна. Не може да дадете отказ и тогаш да сфатите дека немате доволно пари да се справите со таквата ситуација. Оослободете се од непотребните нешта и штедете пари. Тоа може да ви обезбеди дополнително време за потрага по работно место. Со новата работа оваа година ќе биде многу подобро отколку минатата.

ЗДРАВЈЕ

Ако не живеете во сегашниот момент и не одите чекор по чекор, многу ќе се исцрпите. Во текот на денот, повеќе ќе се замарате, ама затоа ноќе добро ќе спиете. Погрижете се добро да се истегнете и да се загреете пред вежбање за да избегнете воспаление на мускулите или повреди. Многу возбудувања ве очекуваат во новата 2017 година, но не заборавајте дека во сè мора да бидете умерени.

СРЕЌА

2017 година ќе биде возбудлива и полна со промени. Сепак, ќе успеете да балансирате и да ги држите работите под контрола. Љубовниот живот ќе ви донесе  многу среќа, но внимавајте на парите. Не плашете се да испробате нови работи и секогаш одвоите време за пријателите. Живејте ден за ден.

ЗАКЛУЧОК

2017 година е позитивна година полна со промени.

БИК (21 АПРИЛ – 20 МАЈ)

Вие ќе имате повеќе енергија отколку обично. Тоа ќе ви биде необично и нема да знаете што да правите со сета оваа енергија. Што и да правите, не губете ја напразно! Таа нема да трае вечно и затоа искористете ја додека можете. Во текот на 2017 година може да оставите силен впечаток кај пријателите и претпоставените. Поработете на односите со другите и посеветете се на некое хоби. Уживајте и не плашете се да ја кроите иднината, бидејќи додека ја имате оваа енергија ќе можете и да ги реализирате тие планови. Дали сте се запрашале каде може да ве однесе оваа 2017-та година? Ако одговорот е да, тогаш сте на вистинското место. Пред вас се многу промени, но вие може сето тоа да го издржите. Упорни сте кога имате јасна цел и ништо и никој не може да ве спречи. Она што го имате тоа и го чувате. Некој на тоа ќе гледа како на материјализам, но Биковите се едноставно внимателни со она што го имаат.

ЉУБОВ

Ако сте во потрага за љубов, тогаш ова е вашата среќна година! Љубовта ќе биде во фокусот на поголемиот дел во текот на 2017 година. Ако сте во врска, ситуацијата станува посериозна. Поврзаноста со партнерот ќе зајакне или ќе испробате нови нешта. Одлична година за бременост. Ако сакате поуспешна врска, тогаш ќе мора повеќе да ги изразувате своите чувства. Единствено така посилно ќе се поврзете со партнерот. Ако не сте во врска, тогаш ова е вистинската година да започнете нова врска. Се препорачува да посетите места кои ве привлекуваат и интересираат, бидејќи така ќе сретнете личност со слични интереси. Можеби ќе пронајдете и нов вид на хоби.

КАРИЕРА

Околностите во врска со вашата кариера и работа би можеле да се искомплицираат во 2017 година. Понекогаш ќе имате чувство дека вие сте во право, а претпоставените не. Ако не сакате да создадете проблеми, ќе мора да најдете начин да им го пренесете тоа на претпоставените, без да ги навредите на некој начин. Генерално, во текот на 2017 година ќе треба да поработите на деловните односи и комуникацијата, особено ако сакате да напредувате и да бидете успешни. Најдете начин да се прикажете подобро.

ПАРИ

Поставете си цели. Се препорачува да инвестирате повеќе во сигурноста, отколку на ситници и непотребни работи. Размислувајте на долг рок и обидете се да заштедите.

ЗДРАВЈЕ

Здравата исхрана ќе биде од клучно значење за вашето добро здравје во 2017 година. Ако се храните здраво, ќе бидете полни со енергија и подготвени за извршување на било која задача. Доколку слабо се храните, тогаш нема да имате доволно енергија и ќе чувствувате замор во текот на денот, што може да доведе до развој на болест. Како крајот на 2017 година ќе се приближува, вие би можеле да чувствувате сè поголем замор.

СРЕЌА

Ќе ја имате во поголеми количества што ќе ви помогне во текот на сите промени што се пред вас. Најдобро што може да направите е да се опуштите и да оставите работите да одат по својот пат. Своите цели не губете ги од вид, ама осигурајте се дека овие цели нема да све чинат премногу и дека нема да ги игнорирате другите аспекти на животот.

ЗАКЛУЧОК

2017 година е година на друштвени настани и планирање на иднината.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ – 20 ЈУНИ)

2017 носи бавни промени и затоа лесно ќе се прилагодите. Држете се настрана од стресни ситуации и водете избалансиран живот. Ова исто така важи и за позитивно размислување. Ако за иднинатата размислувате позитивно и ако сте оптимисти, ќе ви биде добро. Слободното време посветете си го на вас самите.  Во текот на целата година, фокусирајте се на работата и на нештата што сакате да ги правите. Сето тоа зависи од вашето дејствување и затоа искористете ја секоја можност! Од време-навреме животот може да се искомплицира. Сепак, во текот на 2017 година, точно ќе знаете што сакате. Понекогаш имате проблеми со остварување пријателства. Наспроти тоа, пријателствата што ги остварувате се цврсти пријателства. Пред непознати сте срамежливи, но кога ќе ве запознаат теми за разговор не недостасуваат. Единственото што можеби не сте доволно упорни, ама затоа со вас никогаш не е досадно.

ЉУБОВ

Во текот на 2017 година може да очекувате подобрување на односите со другите. Ова е поволен период за љубов, особено ако не сте во врска. Не барајте нова љубов помеѓу пријателите. Попрво ќе се случи љубов со некој што не го знаете сега. Не плашете се да се исчекорите од вашата комфорна зона. Излегувајте на што повеќе нови места. Љубов на прв поглед е она што може да се случи. Тоа ќе биде страсна љубовна врска. Време е за нови и возбудливи нешта. Кажете ù збогум на рутината. Ако сте во врска, очекувајте го неочекуваното! Можеби ќе добиете принова. Можеби ќе бидете нервозни поради сите овие промени во врската, но сите овие промени водат кон подобро. Исто така, во 2017 година ќе остварите нови пријателства.

КАРИЕРА

Во текот на 2017 година, вашата финансиска состојба ќе биде стабилна. Работата ќе ја извршувате со помалку стрес. Ќе имате повеќе енергија и ќе биде во можност да се концентрирате на она што го сакате. На работа нема да има поголеми промени и полесно ќе се справувате со секојдневните предизвици. Може да поработите на оние нешта што може да ви помогнат да постигнете напредок во кариерата со текот на времето.

ПАРИ

Во текот на 2017 бидете внимателни со финансиите. Сите финансиски одлуки донесувајте ги по добро размислување. Ќе разработите стратегија за управување со парите и ќе вложувате само онаму каде сте сигурни дека имате корист. Во 2017 година вашата финансиска состојба ќе биде стабилна.

ЗДРАВЈЕ

Лесно ќе се адаптирате на промените и не би требало да има поголеми здравствени проблем на настинка! Треба да поработите на вашето физичко тело за да станете поотпорни. Мирниот сон носи и повеќе енергија. Доброто здравје не трае засекогаш, па затоа негувајте го вашето тело. Единственото нешто што може да е чувствително е вашата ментална состојба.

СРЕЌА

Искористете го вишокот енергија на вежбање. Не дозволувајте ситниците да ве вознемируваат. Ситуациите на работното место и со пријателите може да бидат стресни повремено, но не земајте сè при срце. Во сите ситуации обидете се да бидете поголеми оптимисти.

ЗАКЛУЧОК

2017 година ќе биде помирна година, со помалку стрес.

Премини  на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button