Реклама
Рецепти

Вегански мафини: вкусен и здрав десерт за сите што внимаваат на исхраната

Реклама

Ова е лесен и брз рецепт кој нема да ви одземе многу време, а ќе добиете одличен, здрав и вкусен десерт, кој нема да и наштети на вашата линија.

Маркетинг

Ова е одличен рецепт за сите приврзаници на веганската исхрана, и воопшто за сите што сакаат да пробаат нешто различно, здраво и вкусно. Со овие мафини од боровинки пријатно ќе ги изненадите вашите домашни или гостите! Рецептот е брз и лесен, а подготовката ќе ви одземе само неколку минути. Смесата е доволна за 12 мафини.
 
СОСТОЈКИ:
 
– 2 шолји брашно
– 1 лажица прашок за пециво
– 1/4 шолја вегански путер (или масло по избор)
– 1/2 шолја каша од јаболка
– 1/2 шолја соино млеко
– 3/4 шолја шеќер
– 1 лажица ванила
– 1/2 лажица сол
– 2 шолји замрзнати боровинки
 
ПОДГОТОВKА:
 
Загрејте ја рерната на 180 степени. Убаво измешајте ги сите состојки и потоа сипете ја смесата во калап за мафини. Не полнете до горе туку околу 3/4. Печете ги мафините 30 – 35 минути додека не добијат цврста кора. Оставете ги да се оладат и потоа уживајте во слаткото задоволство!

Ако сте на строга диета, можете брашното и шеќерот да ги замените со поздрави намирници како кокосово брашно, протеински прашок, стевија или агавин сируп или некој друг засладувач …

 

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button