Реклама
Вести

На Велики Петок немажените девојки треба да го направат ова

Реклама

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.

Велики петок е денот кога повеќето православни верници постaт, без оглед дали ги почитувале правилата на велигденскиот пост или не.

Многумина се во дилема што треба да има на трпезата за јадење тој ден.

Маркетинг

Бидејќи велигденскиот пост е построг од Божиќниот, тоа значи дека во текот на претходните недели беше дозволено масло и вино само во сабота и недела, а риба беше дозволено да се јаде на два големи празници – Благовештение, кое секогаш „паѓа“ на 7 април и Цветници, кои припаѓаат на „подвижните празници“ и секогаш се слават една недела пред Велигден. На сите други денови за време на велигденскиот пост, беше дозволено да се јаде само храна подготвена на вода.

pexels

Такво е правилото за Велики петок. На трпезата треба да има само храна подготвена на вода – варен зеленчук, свежо или суво овошје и зеленчук, како и леб, мед и варен ориз. Многу семејства за утрешниот петок јадат посно гравче, подготвено без зејтин.

Маркетинг

Многу луѓе прават грешка кога мислат дека на тој ден се дозволени посни грицки – крекери, стапчиња за јадење, чипс, наполитанки и други кондиторски производи без млеко, бидејќи содржат или масло или маргарин.

Во повеќето домови во регионот, се верува дека треба да јадете риба и рибина супа на Велики петок, како и компир салата прелиена со масло. Според православните канони, овој вид пост не е соодветен два дена пред Велигден.

Особено, не треба да користите вилушка и нож кога јадете, ниту да солите храна. Според традицијата, оној што ја солел храната на Велики петок, дополнително „истурил сол на раните на Исус“.

Ако сте верник кој строго се придржува кон правилата на велигденскиот пост, на Велики петок треба да се воздржувате од храна и пијалоци до зајдисонце. Децата, бремените жени и болните не ги опфаќа ова правило.

pexels

Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.

Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб.

Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Во некои делови се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црковната порта и го ставад по перница во ноќта ќе го сонуваат својот иден сопруг. Се верува и дека оној кој на Велики петок ја измие косата цела следна година нема да го боли глава. Низ домот треба да се замете со мета, а потоа таа метла да се фрли, па со неа и цело зло собрано во домаќинството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button