Реклама
Нега и здравје

20 најдобри рецепти за лекови со лимон кои помагаат при низа различни болести и состојби, од настинки до тумори!

Реклама

Лимонот ќе ви помогне да го прочистите организмот, да ги исфрлите штетните материи и да спрелите појава на тешки болести.

Во текот на сезоната на настинки и грип добро е што почесто да консумирате лимони кои изобилуваат со витамин Ц. Се користат лисјата, плодот и кората од плодот. Од лисјата се прави освежителен чај. Кората се користи за различни сирупи и чаеви, се меша со мед и т.н. Ако ја користите кората важно е да користите непрскани лимони бидејќи испирањето со сода бикарбона, оцет и сл. нема да помогне за отстранување на пестицидите. Кората од од непрскан лимон е вистинско богатство – го забрзува распаѓањето на мастите поради пектинот, поволно делува на жолчното кесе, ги намалува липидите, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Етеричните масла содржани во кората делуваат против разни бактерии, особено Staphylococcus и Streptococcus, така што помага и кај респираторни инфекции. Етеричното масло од лимон придонесува за зајакнување на крвните садови (особено на капиларите при што ја зајакнува отпорноста и ја намалува пропустливоста), така што е корисно при воспалени вени и испукани капилари. Исто така, тоа е корисна состојка во пастите за заби бидејќи делува против крварење на непцата, а се користи и за превентивно зајакнување на видот. Етерично масло од лимон исто така го чисти црниот дроб, ги намалува воспаленијата и делува антивирусно.

Маркетинг

Здрав напиток за брзо слабеење: ќе намалите и до 15 килограми месечно >>

Често ја забораваме белата поткожа на лимонот, која е необично богата со биофлавоноидот кверцетин кој ја нормализира работата на панкреасот и помага при алергии. Општо земено, биофлавоноидите, освен тоа што се антиоксиданси, исто така го зајакнуваат дејството на витаминот Ц и спречуваат негово брзо излачување од организмот.

Маркетинг

Витаминот Ц, кој се содржи во сокот од лимон, не може да се складира во телото, така што треба редовно да се внесува. Исто така, лимонот содржи и бета-каротен, витамини Б3, Б5, Е, К, калиум, калциум, фосфор, цинк и фолна киселина.

Редовното пиење на сок од лимон ќе им помогне на одбрамбените сили на организмот, ќе го алкализира телото, ќе го подмлади и исчисти. Лимон, исто така, ги неутрализира слободните радикали, ја подобрува меморијата и ја чисти кожата, и дава тонус и ја подмладува. Покрај тоа, научните истражувања покажуваат дека витаминот Ц придонесува за забавување на појавата на рак на дебелото црево и воспалителни состојби како што се астма, ревматоиден артритис или остеоартритис.

Според некои истражувања, лимонот може да помогне дури и во третманот на ракот. Научниците од Институтот за јавно здравје во Балтимор открија дека лимонот најдобро делува против цисти и тумори. Освен што помага во борбата против сите видови на рак, делува и како антимикробен агенс со широк спектар против бактериски инфекции и габи, и против внатрешни паразити, го регулира крвниот притисок и делува како антидепресив при нервни нарушувања. Во секој случај, лимонот не може да им наштети на здравите клетки во телото. Лимонот содржи различни и единствени фитонутриенти кои имаат важни антиоксидативни и антибиотски својства. Научниците од Службата за истражувања во земјоделството на САД утврдиле дека телото ги апсорбира лимоноидите исто како и витаминот Ц. Лимоноидите лесно се варат и ослободуваат при варењето на храната, и во крвната плазма се задржуваат и до 24 часа, што е многу повеќе од другите слични хранливи материи (фенолите од зелена чај и чоколадото се достапни 4-6 часа). Прелиминарните истражувања на Службата покажуваат дека делуваат и на намалување на холестеролот. Истражувањата спроведени во австралискиот институт за истражување ЦСИРО покажаа дека лимонот може да ја намали појавата на рак на устата и грлото за дури 40-50 проценти. Поради сите овие причини најдобро е денот да го започнете со свежа лимонада.

ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Две лажици нане се преливаат со чаша врела вода, веднаш се покрива и се остава да стои 30 минути. Се процедува и се додава сок од 2 лимона. Се пијат три чаши во текот на денот.

ЗА КРВНИТЕ САДОВИ

Се мелат еден килограм лимони со кора и 300 гр. лук, се прелива со 1,5 литри врела вода и се вари на тивок оган 10 минути. Потоа се поклопува и се остава да стои покриено 30 минути. Смесата се става во стаклено шише, убаво се затвара и се чува во фрижидер. Се пие 1/2 децилитар пред јадење во тек на 20 дена, потоа се прави пауза од 10 дена и се повторува процесот.

Зелената глина прочистува од отрови и лекува многу болести – еве како треба да се користи >>

ЗА ЗРЕЛА КОЖА

Со миксер се мати една белка од јајце и постепено се додава сок од 1/2 лимон. Се нанесува на лицето и се остава да стои додека не се исуши целосно, а потоа се плакне со вода. Се користи еднаш неделно. Маската ќе го исчисти лицето и ќе ги стесни порите, кожата ќе се затегне, ќе изгледа проѕирно и подмладено, благо ќе се осветли и тенот ќе се воедначи.

ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Ставете 125 g рен во блендер и убаво изблендирајте. Додадете 3 лимони со кора и блендирајте додека не добиете компактна смеса. Додадете една лажичка јаболков оцет и 3 лажици мед и сè убаво измешајте. Се зема по 1 лажичка 2 пати на ден во период од три недели.

Научниците предупредуваат дека оваа намирница предизвикува рак – ја внесуваме секој ден, посебно вегетаријанците, луѓето што постат или пак се алергични на млеко >>

ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Исечкајте еден лимон и изблендирајте го, додадете два пати поголема количина мед и се убаво измешајте, ставете во тегла и чувајте ја на ладно. На смесата може да се додаде и една голема лажица куркума. Се зема три пати на ден по една мала лажичка така што смесата полека се раствора во устата.

ТРЕСКА

Лимонот помага при треска, без разлика на причината за неа. Додадете сок од 1 лимон во чаша топла вода со мед и веднаш испијте, а потоа повторувајте на секои 2 часа додека температурата не се спушти.

ПРОТИВ АКНИ

Лимонот содржи лимонска киселина што може да биде ефикасна во лекувањето на акни. Витаминот Ц убива некои видови на бактерии кои предизвикуваат појава на акни. Според тоа, секое утро треба да пиете лимонада. Нанесете свеж сок од лимон на акните и оставете го да делува преку ноќ. Следното утро, измијте го лицето со вода. Може да почувствувате непријатно чувство на кожата, но тоа наскоро ќе исчезне.

Измешајте еден дел свежо исцеден сок од лимон со еднаков дел на ружина вода или мед. Нанесете ја мешавината на зафатените делови со акни и оставете најмалку половина час, а потоа измијте со вода. Овој третман треба да се повторува два пати на ден, по можност во утринските часови и навечер.

ХОЛЕСТЕРОЛ

Пектинот во лимонот, заедно со другите хранливи состојки, може да помогне во намалување на холестеролот. Затоа секое утро пијте вода со сок од лимон и додавајте го во други пијалоци и јадења.

РАНИЧКИ ВО УСТАТА

Докажаните антибактериски и антивирусни својства на лимонот можат да го забрзаат процесот на лекување во случај на ранички во устата (афти). Измешајте сок од свежо исцеден лимон во чаша млака вода и плакнете ја устата три пати на ден. Може да почувствувате печење кога сокот од лимон ќе дојде во контакт со раничките, но тоа брзо поминува.

ВАРЕЊЕ

Додадете сок од еден лимон во чаша млака вода и пијте по секој оброк. Лимонската киселина ќе го стимулира производството на желудочна киселина и активноста на стомачните мускули и на тој начин ќе ги отстрани дигестивните проблеми.

Недостатокот на витамин K е причина за болни менструации, анемија и цревни заболувања >>

ТИНКТУРА

Потребно ви е 200 грама кора од лимон и половина литар на 60% алкохол. Изрендајте ја кората, оставете да стои 30 дена во алкохолот и потоа процедете. Се зема 3 пати по 10-15 капки на ден, со чај или вода. За тинктурата се користат исклучително непрскани лимони.

НАСТИНКИ И ГРИП

Кога сте настинати, лимоните се користат за да внесете доволно витамин Ц. На првиот знак на настинка, течење на носот или болки во грлото, пијте свежо исцеден сок од лимон со топла вода на секои 2 часа.

ЕГЗЕМА

Ако страдате од инфекции на кожата, лимонот може да ви ги олесни проблемите. Додадете 8 капки етерично масло од лимон во 1 чаша (250 мл.) со топла вода и 1 лажичка (15 мл.) течен мед. Медот, исто така, има анти-инфламаторен ефект и ја зајакнува исцелителната моќ на лимонот, па пожелно е овие природни лекови да се комбинираат.

Натопете памучна крпа во течноста, исцедете го вишокот и држете ја на зафатената област 15 минути, 2-3 пати на ден. Ова ја лекува инфекцијата, но, исто така, и го спречува нејзиното враќање.

Како да се спасите од несаканите влакна на лицето и телото >>

БОЛКИ ВО ГРЛОТО

Додадете сок од 1 лимон и 1 лажичка (5 мл.) морска сол во чаша (250 мл.) млака вода. Правете гаргара три пати на ден за да се намали пецкањето. Ако станува збор за ангина, плакнете го грлото на секои 2 часа најмалку 30 секунди со свежо исцеден сок од 1 лимон. Наведнете ја главата наназад за сокот да дојде до задниот дел на грлото. Можете да го голтнете сокот кога ќе завршите.

КОНЦЕНТРАЦИЈА

Етеричното масло од лимон ја стимулира активноста на мозокот, па секогаш кога ќе се чувствувате уморни и тешко ви е да се сконцентрирате, додадете 4 капки масло масло од лимон во арома светилка. Исто така можете и да се напиете една чаша лимонада.

ЛИМОН И МЕД

Наутро на празен стомак добро е да се пие топла вода со лимон и мед. Измешајте една чаша топла вода со сок од половина лимон и 1 лажичка мед и веднаш испијте. Немојте да пиете кафе или чај најмалку 1 час потоа.

Лимонот го стимулира црниот дроб да произведува повеќе жолчка и му помага на дигестивниот систем да ги елиминира токсините. Медот има антибактериско дејство и може да ги ублажи инфекциите присутни во телото. Исто така ја забрзува елиминацијата на токсините од системот за варење. Оваа напивка е брзо решение за запек – ги стимулира цревата, ги хидрира и помага да се исфрли изметот.

ПРОТИВ РЕУМА

Сокот од лимон има силно алкално дејство врз организмот и затоа е природен лек за вишокот киселина, која е делумно одговорна за ревматизмот. Додадете сок од еден лимон во чаша млака вода и пијте три пати на ден, а ако имате силна болка, додадете сок од два лимони и пијте три пати на ден. Масирајте ги болните делови секојдневно со неколку капки масло од лимон измешано со една лажичка (15 мл.) масло од јојоба.

ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Лукот и кромидот се покажале како многу ефикасни во борбата против хипертензијата (висок крвен притисок), а добро делуваат и во комбинација со лимон, кој е богат со витамини и антиоксиданси. За подготовка на ефикасна напивка против висок притисок додадете 3 исечкани чешниња лук и 1 исечкан кромид во ладно обезмастено млеко или млеко од соја. Ставете на шпорет да зоврие и тргнете го, оставете да отстои 5 минути и процедете. Потоа додајте сок од 3 лимони и пијте во текот на денот.

ЗА СИНУСИ

За ублажување на симптомите на воспаление на синусите и за поттикнување на функционирањето на респираторниот систем, се мешаат 2 лажички куркума, 2 лажички мед, 1 чаша топла вода и сок од 1/2 лимон. Испијте веднаш. Овој пијалок помага и при алергии на полен.

Како треба да пиете сода бикарбона за превентива од болести, слабеење и болести на желудникот (рецепти) >>

Извор: 24sata.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button