Реклама
Нега и здравје

Зелената глина прочистува од отрови и лекува многу болести – еве како треба да се користи

Реклама

Со векови наназад лекарите ја користеле зелена глина како средство за лекување на целото тело.

Со текот на времето во телото се акумулираат токсини поради воздухот што го дишеме, поради водата што ја пиеме, поради пестицидите што ги содржи храната. Ајурведата вели дека токсини може да се создаваат и поради лошата дигестија – кога премногу јадеме или неправилно ја комбинираме храната.

Маркетинг

Со текот на годините во нашите тела се акумулираат отрови и тешки метали што може да предизвика многу проблеми како што се болести на кожата, алергии и астма, депресија, мигрена, надуеност, лошо варење, хроничен замор, рак…Затоа, организмот треба редовно да се чисти од отрови и тешки метали.

Лек за сите видови на цисти, респираторни и малигни заболувања >>

Маркетинг

Зелената глина е еден од природните лекови кои брзо и ефикасно го чистат организмот, без штетни последици по нашето здравје. Глината е едно од најсилните и најстарите средства за обновување на телото – го забрзува зараснувањето на раните, ја чисти и негува кожата.

Како делува зелена глина

Сè уште не е сосема јасно на кој начин делува зелената глина. Едни претпоставуваат дека глината има исклучителна впивачка моќ така што ги впива сите нечистотии и патогени од телото. Други веруваат дека глината има посебна „интелигенција”, благодарение на која ги наоѓа и отстранува сите неправилности во организмот. Некои пак ја поврзуваат исцелителната моќ на глината со нејзиниот негативен полнеж. Сметаат дека токму поради негативниот полнеж зелената глина ги привлекува и апсорбира сите честички кои се позитивно наелектризирани, а позитивно наелектризирани честички во телото се бактерии, вируси, токсини, и т.н.

Недостатокот на витамин K е причина за болни менструации, анемија и цревни заболувања >>

Освен што ги отстранува штетните материи од телото преку дигестивниот тракт, глината истовремено ги обезбедува неопходните елементи за телото. Глината содржи повеќе од 60 минерали и елементи во траги кои го хранат и лекуваат организмот. Руските научници покажаа дека со користењето на глината може да се неутрализира и влијанието на зрачењето. Затоа глината се користи при нуклеарни катастрофи, со цел да го апсорбира зрачење во што е можно поголема мера.

Видови и состав на глината

Во природата можат да се најдат зелена, жолта, бела и црвена глина. Но, само зелена глина се користи за лекување и чистење на организмот. Постојат неколку видови на зелена глина, а најпознатите рудници се наоѓаат во Франција и во Сицилија. Во зависност од тоа од каде е ископана, секоја зелена глина има единствен процент на разни минерали и елементи во траги. Зелената глина содржи селен, магнезиум, железо, калциум, фосфор, калиум, цинк, манган, бакар, силициум, натриум и други минерали и елементи во траги. Благодарение на богатството на природни хранливи материи, глината има повеќекратно исцелително дејство врз телото.

Ги топи килограмите и чува од рак – постот е најдобра диета >>

Како се користи зелена глина за детоксикација

Зелената глина, која може да се зема орално, треба да биде сертифицирана за орална употреба. Таквата глина се нарекува вентилирана глина.

Пред спиење, разматете полна чајна лажичка вентилирана зелена глина во 2 децилитра вода (непревриена, најдобро изворска). Притоа, не користете метална лажица или чаша – глината не смее да дојде во контакт со метал.

Глината се пие наутро кога ќе станете или навечер пред спиење. Ако сакате, глината можете да ја земате и еден час пред јадење.

Глината се употребува на следниов начин:

1 недела: наутро, без мешање, испијте ја само водата, а талогот фрлете го
2 недела: наутро промешајте, оставете 5 минути да се сталожи и потоа испијте ја водата
3 недела: наутро промешајте и веднаш ја испијте целата вода заедно со глината.

Потоа се прави пауза. Оваа кура за чистење на телото може да се повтори 2-4 пати годишно.

Какви други здравствени придобивки има зелена глина

Освен чистењето на телото од отрови и тешки метали, зелената глина има и многу други здравствени придобивки: ги обновува клетките и ткивата, го спречува ширењето на патогени бактерии и паразити, инхибира туморни клетки, има анти-воспалителни својства, го поттикнува заздравувањето на раните, ја чисти и ја збогатува крвта, ја регулира pH вредноста на телото, го храни организмот со потребните минерали.

Зелената глина исто така се користи во форма на купки, маски и облоги. Купките од зелена глина имаат смирувачки, анти-воспалителни и прочистувачки ефекти. Облозите од зелена глина се користат за лекување на артритис и рани.

Маските од зелена глина се користат за нега и убавина на кожата, ја чистат кожата, ја поттикнуваат циркулацијата, ја лекуваат проблематичната кожа, го намалуваат целулитот и поттикнуваат губење на масното ткиво.

Како треба да пиете сода бикарбона за превентива од болести, слабеење и болести на желудникот (рецепти)

Извор: alternativa-za-vas.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button