Реклама
Нега и здравје

Отстранување на шминката со природни средства + рецепти за тоник за отстранување на шминка

Реклама

 

Рецепти за домашни лосиони за отстранување на шминката

Маркетинг

Тоник од камилица и масла

Потребно: 50ml масло од јојоба, 50ml чај од камилица, 1 капка масло од лаванда.

Маркетинг

Подготовка: Направете чај од камилица, процедете го и кога ќе се излади додадете го во него маслото од јојоба и 1 капка масло од лаванда. Пред секоја употреба убаво промешајте. Нанесете на парче памук и со нежни движења отстранете ја шминката. Посебно внимавајте на пределот околу очите бидејќи се многу осетливи и со груби движења можете лесно да ги иритирате.

Тоник од краставица и млеко

Краставицата содржи многу вода, па затоа е одлична за хидратација на кожата. Таа исто така е одлична и за отстранување на шминката.

Потребно: 1 помала краставица, шолја млеко

Подготовка: Исечете ја краставицата на ситни парчиња или изрендајте ја, па убаво изгмечете ја. Додадете го млекото и добиената смеса варете ја десетина минути, па оставете ја да се олади. Нанесете на памукче и отстранете ја шминката. Овој тоник ја храни кожата, ја хидрира и придонесува за намалување на брчките. Идеален е за мрсна кожа на лицето.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button