Реклама
Нега и здравје

Отстранување на шминката со природни средства + рецепти за тоник за отстранување на шминка

Реклама

Сите знаеме дека секоја вечер пред да одиме во кревет едноставно МОРА да ја отстраниме шминката и од ова правило нема бегање!

Секако, ако сакаме да имаме убава и чиста кожа на лицето. Спиењето со шминка е една од најлошите работи што можете да му ја направите на лицето.

Маркетинг

Секојдневната употреба на тоник за отстранување на шминката може да ја исуши и оштети кожата, бидејќи без разлика колку е благ и квалитетен, сепак содржи хемикалии. Затоа најдобро ќе биде да прибегнете кон други многу поедноставни и поделотворни начини за отстранување на шминката. Еве неколку:

Миење со млака вода и сапун. Ова е најлесната и наједноставната работа што можете да ја направите за да ја отстраните шминката од лицето. Важно е да набавите сапун кој одговара на вашата кожа на лицето и кој ќе биде природен/ органски и ќе содржи природни состојки како козјо млеко, мед и сл. Нешно истријте го лицето со сапунот и исплакнете со вода.

Маркетинг

Заменете вашето средство за отстранување на шминката со природни намирници

1. Масла. Што се однесува до маслата, имате прилично голем избор на масла кои можат да се користат за отсранување на шминката и чистење на лицето

– Маслиново масло. Маслиновото масло е едно од најдобрите масла за нега на кожата. Темелно ја чисти кожата, ја храни, ја хидрира, ги ибезбедува потребните витамини и само по неколку дена користење ќе забележите дека подочниците ќе ви ги снема, а лицето ќе ви изгледа многу посвежо и помладо. Одговара на сите типови на кожа и затоа слободно користете го.

– Кокосово масло. Кокосовото масло е многу актуелно во последно времепоради неговите позитивни ефекти на кожата, косата и ноктите. Кокосовото масло е одлично средство за отстранување на шминката, а по неколку недели користење ќе забележите дека имате и погусти и појаки трепки! Најмногу одговара за сува кожа на лицето.

– Рицинусовото масло е одличен избор доколку имате мрсна кожа. Има исти ефекти како маслиновото масло на пример, но е многу поделотворно за третман на мрсната кожа.

– Бадемовото масло исто така се препорачува за нега на мрсната кожа, а посебно е делотворно ако имате осетливи очи или носите контактни леќи.

– Маслото од рузмарин е одлично средство за отстранување на кармин, посебно на силните црвени или темни нијанси, бидејќи одлично ги храни и хидрира усните.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button