Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – проверете што ви е запишано во ѕвездите

Реклама

Прочитајте што ви носат деновите што се пред вас…

Што ви носи неделата која е пред вас прочитајте во хороскопот на Штипка. Со еден клик проверете што ви е запишано во ѕвездите за наредниот период како и за тоа дали ќе ви се исполнат желбите и соништата. Секоја недела ве очекува нов хороскоп, додека пак, на крајот од месецот ве очекува месечниот хороскоп за наредниот месец. Проверете што ве очекува на деловен план, но и како да се решите од љубовните проблеми кои се пред вас.

Маркетинг

На нашата страни прочитајте дали Овните, Биковите и Лавовите ќе бидат погодени од стрелите на Амор или пак тоа периодов е резервирано само за Риби и Девици.

Со само еден клик ѕирнете во својата иднина и проверете што ве очекува и како да се носите со убавите, но и со предизвиците во неделата која што е пред вас. Ако пак сакате да го прочитате и големиот месечен хороскоп, кликнете тука.

Маркетинг

OВЕН

 

Неделен хороскоп за Овен: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: За вљубените ова е добра недела дури и да предложите брак. Добро време и за беќарите/момите да го отворат срцето и да ја искористат златната можност. Брачните парови нема да бидат многу среќни. Пари: Неочекувани трошоци, главно поврзани со семејството. Планирајте ги финансиите на долгорочна основа. Добро време и за стратешки инвестиции, но само ако имате вишок пари. Здравје:  Средовечните и постарите треба одат на редовни прегледи. Истото важи и за дијабетичарите. За сите други, „Штипка“ советува мерки на претпазливост – здрава исхрана и редовно вежбање.

 

БИК

 

Неделен хороскоп за Бик: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Ергените ќе бидат под притисок на семејството да стапат во брак. За брачните двојки можни се расправии што ќе предизвикаат дисхармонија. Едноставен начин за излез од ова е студиозно да се избегнат сите расправии и несогласувања. Пари: Ќе трошите внимателно што ќе има исклучително позитивен ефект. Заштедените пари ќе ве орасположат. Добро е да ги инвестирате во профитабилни зделки. Здравје: На болките поврзани со дигестивниот систем треба да им се обрне внимание. „Штипка“ вели да не одлагате, ниту да занемарите и најмали симптоми затоа што наскоро може да се влошат и да предизвикаат сериозен здравствен проблем.

 

БЛИЗНАЦИ

 

Неделен хороскоп за Близнаци: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Брачниот живот ќе биде пријатен и на задоволително ниво. Ќе се чувствувате позитивни за сè. „Штипка“ предвидува дека и беќарите/момите ќе продолжат да уживаат во убавото време со најблиските. Пари: Зголемување на домашните трошоци може да го наруши буџетот за оваа недела. Ќе бидете склони да трошите импулсивно и непромислено. Едноставно решение е свесно да се запрашате дали она што сакате да го купите навистина ви е потребно. Здравје: Мали проблеми со дигестивниот систем, како киселост, ќе ви пречат неделава. Оние со висок крвен притисок и срцеви болки треба да се бидат многу внимателни и да одат на редовни прегледи. На младите треба да им стане навика одење во теретана, односно фитнес вежбите.

 

РАК

 

Неделен хороскоп за Рак: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Вљубените ќе имаат пријатно време. Оние во брак нема да бидат премногу среќни од брачниот другар. Најверојатно ќе развиете сериозни разлики, но ако го контролирате темпераментот и манифестирате голема зрелост, тогаш несогласувањата полека ќе се ’испеглаат’. Пари: Дивидендите веројатно ќе ве расположат. Барањата од децата може да се зголемат и доколку потклекнете, вашиот резерви фонд сериозно може да осиромаши, па затоа купете им го само она што им треба, а не сè што сакаат. Здравје: Помали здравствени проблеми се можни во среда и четврток. Ова може да влијае на вашите рутински активности до одреден степен, но не и врз важните прашања.

 

ЛАВ

 

Неделен хороскоп за Лав: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Усогласувањето со брачниот другар веројатно нема да биде премногу охрабрувачки. Сепак, во јавност и двајцата ќе покажувате слика на среќен пар. Беќарите/момите ќе се однесуваат грациозно во друштво на спротивниот пол.  Пари: Благодарение на некои неочекувани финансиски добивки, ќе бидете комотни на финансиски план. Ќе бидете во искушение да трошите дарежливо, но „Штипка“ советува прво да ја обезбедите својата и иднината на семејството со паметно инвестирање, а дури потоа да трошите на материјални нешта. Здравје: Добро здравје неделава. Искористете го вишокот енергија во нешто што би било општествено корисно и продуктивно, а не на начини кои се бесцелни.

 

ДЕВИЦА

 

Неделен хороскоп за Девица: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Беќарите/момите најверојатно ќе бидат разочарани неделава поради тоа што ќе нема реакција од засегнатото лице. Доколку сте веќе во љубовна врска, нема да најдете време за квалитетно да ја негувате истата поради работата и другите прашања кои ќе бидат доминантни. Брачни двојки ќе уживаат во хармонијата. Пари: Ќе бидете подготвени да ја зајакнете финансиската состојба и да инвестирате во безбедни долгорочни потфати што ќе носат редовни приливи, бидејќи вашата главна желба е да ја обезбедите иднината на вашите блиски и сакани. Планетите ви се наклонети и добро е, вели „Штипка“, да ги искористите предностите на оваа фаза. Здравје: Освен помали нарушувања во дигестивниот систем, ќе уживате во добро здравје неделава. Сепак, избегнувајте брза храна и водете сметка за исхраната и начинот на живот. Ако сте жртва на некои нездрави навики, ослободете се од нив што е можно поскоро.

 

ВАГА

 

Неделен хороскоп за Вага: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Беќарите/момите нема да бидат спремни да ги изразат чувствата од страв дека ќе бидат одбиени. Брачни двојки, пак, слободно ќе ги искажуваат своите најдлабоки чувства. Пари: Нема да ви биде комотно на финансиско поле. Ништо не може да направите, па носете се со ситуацијата со смиреност. Сепак, правете ги потребните планови за во иднина. Здравје: Дијабетичарите треба да останат исклучително внимателни оваа недела. Одете на детален лекарски преглед пред било какви компликации да се развијат. Другите, дури и ако се здрави, редовно треба да вежбаат за да ја одржат физичката кондиција на задоволително ниво, советува „Штипка“.

 

ШКОРПИЈА

 

Неделен хороскоп за Шкорпија: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Беќарите/момите ќе бидат под притисок да ’рипнат в тавче’. За оние во брак, Венера ќе го направи брачниот живот пријатен – животниот партнер ќе биде кооперативен и ќе се грижи за вашите потреби, што ќе ви овозможи да се фокусирате на други важни прашања. Пари: Ќе вложите големи напори да ја зајакнете финансиската состојба. Ќе станете помудар во справување со финансиските прашања. „Штипка“ советува да тргнете некој денар настрана за да инвестирате во профитабилни зделки подоцна. Здравје: Без сериозни здравствени проблеми. Меѓутоа, и натаму внимавајте на вирусни инфекции и за најмали симптоми побрзајте на лекар. Средовечните треба да внимаваат на правилниот начин на живеење.

 

СТРЕЛЕЦ

 

Неделен хороскоп за Стрелец: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Ќе бидете емотивно повредени од бесчувствителното однесување на некоја мила и драга личност, што ќе доведе до непотребни кавги со другите околу вас. Беќарите/момите ќе сакаат да имаат интимна врска со лице од спротивниот пол за да уживаат во задоволствата на животот. Оние во брак ќе имаат чести расправии. Пари: Ќе сакате да ги поставите финансиските прашања на сигурна основа. Ќе одлучите да прекинете со оние вложувања кои не обезбедуваат задоволителни добивки. Зачувајте ги овие пари до првата наредна поволна можност. Здравје: Некои неочекувани здравствено прашање може да искрснат и ќе доведат до голем ментален стрес. Ќе треба да побрзате на лекар за потребен третман. Остане будни за вирусни инфекции. Јогата и медитацијата се, речиси, императив, според „Штипка“.

 

ЈАРЕЦ

 

Неделен хороскоп за Јарец: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Во брачниот живот може да има некои несреќни моменти. Не избувнувајте и не губете го трпението. Нема поволна планетарна поддршка ниту за беќарите/момите во потрага по сродна душа – ќе мора трпеливо да чекате да помине оваа фаза, вели „Штипка“. Пари: Некои неочекувани трошоци поврзани со семејството ќе ве остават без пари, па ќе треба да позајмувате од пријатели. Погрижете се да ги вратите парите на време. Во спротивно, кога следниот пат ќе треба да позајмите, никој нема да ви помогне. Здравје: Постои голема можност од неочекувани повреди, така што бидете крајно внимателни при премин на пат пешки или на остри свиоци доколку возите. Освен тоа, може да останете в кревет неколку дена. Проблеми поврзани со респираторниот систем треба да се решат на итна основа.

 

ВОДОЛИЈА

 

Неделен хороскоп за Водолија: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Беќарите/момите ќе планираат да побегнат со саканата личност доколку нема согласност од нивните семејства. Оние во брак, може да наидат на сериозни разлики со животниот партнер. Треба да му дадете простор и време да размисли за нештата внимателно. „Штипка“ советува дипломатски пристап и прилагодување кон неговите ставови. Пари: Постои веројатност од зголемување на непланирани и лични трошоци. Ќе бидете принудени да позајмите пари за краток временски период, но сторете сè да ги вратите парите навреме за да го задржите позитивниот рејтинг. Здравје: Проблемите како киселост или варење на храната, најверојатно, ќе станат хронични и проблематични доколку не ги лечите внимателно и веднаш. Другите ќе уживаат во добра општа здравствена состојба. Постои можност од неочекувани повреди, така што внимавајте додека возите или ракувате со остар предмет.

 

РИБИ

 

Неделен хороскоп за Риби: 28 јуни до 4 јули, 2015

Љубов: Беќарите/момите кои бараат друштво од спротивниот пол ќе имаат потешкотии во добивање вистинска можност да ги изразат чувствата. Контролирајте ја нескротливата природа и не изговарајте груби зборови кои може да им наштетат на чувствата на новите пријатели. Пари: Планетите ви се наклонети, па „Штипка“ советува да си дозволите извесни трошоци и за некои добротворни цели. Здравје: Ќе уживате во добра општа здравствена состојба неделава. Без помали или поголеми здравствени проблеми ќе бидете во можност да постигнете многу подобар учинок на работното место. Сепак, не занемарувајте ги фитнес

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button