Реклама
Наши ѕвезди

Тажната објава на јутуберот Стефан Лазаров за Кико, починатиот херој што ја сплоти цела Македонија

Да беше жив денес Кико ќе славеше роденден...

Реклама

Познатиот јутубер Стефан Лазаров објави фотографија со која ги растажи своите фанови на социјалните мрежи.

На фотографијата тој е заедно со Кико – храброто момче со ретка болест на кое му требаа пари за лекување во Турција и за кого Македонија се сплоти за да му помогне, но парите и покрај тоа што беа собрани, а јутуберот Стефан Лазаров беше еден од оние што најмногу помогна во тоа, Кико не ја издржа битката.

Имено, тој почна непосредно пред да биде однесен на лекување, а оваа вест тогаш многу го погоди Лазаров кој се зближи со него.

Маркетинг

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тој сега на својот профил објави една нивна заедничка фотографија, по повод роденденот на починатото момче.

Маркетинг

„Да беше жив денес Кико ќе славеше роденден. Знам дека ме гледаш од горе и се радуваш за моите успеси. Никогаш нема да те заборавам шампионе, Среќен роденден“, напиша Лазаров на заедничката фотографија.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Потсетуваме, Кристијан Коцев Кико почина во јуни минатата година, а оваа вест тогаш го расплака познатиот јутубер.

Тој претходно се вклучи во акцијата за собирање пари за лекувањето на ова младо момче и се зближи со него, кога заедно со голем број хумани луѓе од цела Македонија успеа за само четири дена да ја собере потребната сума за лекување.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Но Кико не ја издржа болеста иако до самиот крај се бореше како лав, а оваа вест тогаш го погоди и Лазаров.

„Се бореше последниве два дена, не издржа… нека почина во мир. Јас ќе се сеќавам на него како на вистински победник“, зборуваше тогаш Стефан на својот Јутјуб со растреперен глас и со солзи на очите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button