Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп

Реклама

 

Прочитајте дали ви се наклонети ѕвездите и што велат астролозите за месец јуни …

Маркетинг

Месечен хороскоп за Овен: Јуни 2015

Љубов

Припадниците на овој знак ќе бидат среќни во јуни затоа што Венера и Јупитер прават работите да не може да бидат подобри! Некои Овнови ќе се вљубат, други ќе доживеат топло-жешка љубовна врска или ќе имаат прекрасен секс. Многу Овнови ќе се верат, ќе ја зацврстат врската, ќе го подобрат љубовниот живот и ќе уживаат во сите други видови на емоционална исполнетост. Купидон трудољубиво работи да ви понуди најдобар сплет на околности и планови за игра. Љубовта е во воздухот и животот е супер!

Маркетинг

Пари

Јуни е среќен месец за Овновите бидејќи Венера и Јупитер нудат поволни околности, го изнесуваат најдобрите од вас и ви помогаат да ги прикажете талентот и креативноста со стил и елеганција. Но, тоа не е сè: планетите се многу поволни и за вашиот напредок, промени и развој. Сега е време да ги активирате плановите за нови проекти и повторно да ги лансирате старите. Време е за смела иницијатива. Внимавате на секоја финансиска одлука и секогаш имајте нешто заштедено.

Здравје

Најдобар месец во однос на здравјето. Ќе бидете недвосмислено оптимисти, весели и ќе уживате. Полни сте со енергија. Мислите ви се живи и еластични, но малку ќе бидете загрижени во првиот дел од месецот кога може да се појави некоја конфузија или епозоди на раздразливост. Целиот јуни е прекрасен за физички активности, одлично време за спорт.

Совет на „Штипка“: Читајте, учете, пишувајте, користите ги вашите интелектуални способности и комуникациски вештини!

Месечен хороскоп за Бик: Јуни 2015

Љубов

Во јуни 2015 година, Биковите сакаат тишина, мир и приватност. Фокусирани се главно на домот, семејството и блиските пријатели. Емотивно, попрво би имале мирен, традиционален живот. Не сакате драма или преземање какви било ризици. Ако имате стабилност и безбедност, среќни сте и поради тоа сте прилично прагматични. Парите може да влијаат на вашите емотивни избори, но тие може да станат и заеднички интерес во врската. Иако љубовен бран може да го погоди љубовниот живот овој месец, се чини дека, сепак, тој потекнува од минатото. Тоа може да бидат само спомени, но и повторно обединување кое отвора стари рани.

Пари

Биковите ќе се фокусираат на инвестирање во домот или во иницијатива за недвижен имот овој месец. Најверојатно ќе сакате да да го направите вашиот дом поубав, поудобен, порафиниран. Ќе купите некоја слика, парче мебел или некое повредно, трајно колекционерско дело. Преселба во поголем дом не е исклучена, ниту започнување изградба на куќа или некои градежни активности во градината. Доколку имате свој бизнис, ќе се грижите за канцеларијата. Ќе имате финансиски иницијативи во текот на целиот месец, без разлика дали се тоа трансакции или активности кои ќе генерираат приходи. Шансите се во ваша корист да најдете нови решенија или да решите постари дилеми.

Здравје

Венера и Јупитер ќе се потрудат да бидете во топ форма во текот на целиот месец. Весели сте, самоуверени и живи. Сепак, имате тенденција да бидете лакоми и склони кон претерување. Ако вашиот крвен притисок е висок или, пак, другите вредности (холестерол, шеќер во крвта, итн) се повисоки од нормалните, бидете внимателни, бидејќи овие бројки би можеле да одат нагоре. Се препорачува умереност и многу вежбање.
Совет на „Штипка“: Стоп за трошењето! Ќе биде подобро доколку купувате само работи што навистина ви се потребни.

 

Месечен хороскоп за Близнаци: Јуни 2015

Љубов

Јуни ви носи повеќе од доволно за вашата сексуална вештина и мајсторство. Нивото на адреналин расте и вие тргнувате кон  освојувања. Вашите емоции и желби се манифестираат одеднаш, неочекувано, многу силно и да бараат итно исполнување. Ќе бидете подготвени да го направите првиот чекор, да провоцирате, а не ќе можете да дочекате вас да ве провоцираат. Вашиот обиди, најверојатно, ќе резултираат со успех, и јуни 2015 година ќе биде среќен во однос на љубовта, благодарение и на Марс и на нежната, сензуална Венера.

Пари

Професионално, јуни е успешен месец за Близнаците. Благодарение на Јупитер и Венера, ви претстои успех во смели иницијативи и поволни промени, како и во активности поврзани со интелект, комуникација, движење или вештини. Многу работи ќе станат јасни и нивното решавање се ближи. Јуни ви носи погонска сила, храброст и амбиција. Ви се дава шанса да блеснете и да се потврдите себе си. Пофалбите и наградите нема да изостанат. Парите доаѓа како природна последица на вашите достигнувања.

Здравје

Повеќе од одлично! Расположението ви е на високо ниво, весели сте, се забавувате и оптимист сте. Сакате да комуницирате, патувате, среќавате луѓе, да се спријателувате. Батериите ви се во полна пареа кога станува збор за физички активности. Сепак, обидете да избегнете забрзување на нештата и претерување!
Совет на „Штипка“: Понекогаш сте премногу импулсивен. Обидете се да покажете одредена воздржаност!

Месечен хороскоп за Рак: Јуни 2015

Љубов

За Раковите, професионалните и финансиските интереси се мешаат со љубовта, благодарение на Венера и Сатурн. Различни можности се укажуваат: или професионалните и финансиски интереси се спроведуваат заедно со вашиот партнер; можеби тој влијае врз вашите одлуки по прашања на срцето, или, обратно: одлуките во врска со парите или кариерата ги преземате врз основа на чувствата. Во секој случај, ова влијание доведува до позитивни резултати. Втората половина на јуни е порелаксирачка, но за Раковите таа ќе исфрли на површина стари прашања во врска со сексуалноста, децата или љубовта, кои треба да се решат до септември.

Пари

Јуни ви носи среќа со финансиите. За да ги добиете тие пари, сепак можеби ќе треба да направите некои тајни потези или да користите некои малку невообичаени методи. Треба да бидете многу внимателни како ќе се одвиваат работите, бидејќи подоцна може да сфатите дека вашите методи генерирале серија дилеми. Нештата се одвиваат убаво на професионален план, но можно е  признанието и успехот да се манифестираат дури во третата декада. Во надоаѓа серија идеи и иницијативи, но сега за сега тие се во повој.

Здравје 

Сè уште не сте целосно надвор од опасност или потешкотии. Треба да се грижите за себе, да внимавате будно на чувствата и да се држите подалеку од непромисленост, претерување и ризични ситуации, особено во првата половина на месецот. Во последната недела од јуни, Раковите ќе бидат во неверојатна форма.

Совет на „Штипка“: Држете се настрана од нелегални или неморални напори и избегнувајте зделки со сомнителни луѓе!

Месечен хороскоп за Лав: Јуни 2015

Љубов

Јуни е интересен месец за Лавовите благодарение на ретроградниот циклус на Венера, којшто ќе трае до 8 ноември од 2015 година и ќе ги опфати Лавот и Девицата. Во центарот на вниманието ќе се појават врските на Лавот, а можеби и поврзаноста пари-љубов. Љубовниот живот ќе цвета во јуни. Ќе доживеете радосни настани и може дури и да сретнете некој посебен. Но, постои загриженост дека работите може да не се како што изгледаат, или може да доживеете некои проблематични, комплицирани моменти во одредени моменти. И на крај, поради Сатурн, се чини дека ќе мора да се справите со некои постари прашања.

Пари

Вашиот успех во однос на кариерата е загарантиран овој месец. Среќата се чини дека ви доаѓа во пресрет без да правите никакви напори. Можности за развој и успех искрснуват, се појавуваат луѓе со интересни предлози за проекти, вашите шефови ќе имаат високо мислење за вас. Благодарение на планетите, ќе ги среќавате вистинските луѓе кои ги поддржуваат вашите намери, вие сте популарни и може да дојдете до израз како неоспорен лидер во колективот преку вашите организациски вештини, како и вашите идеи и мислења. Среќата е на страна на Лавовите кога станува збор и за парите, а и една посебна ситуацијата ќе се реши или ќе се расчисти во текот на јуни.

Здравје

Цветате, бидејќи сте во одлична физичката и психичка кондиција.
Јупитер ве енергизира и ви дава оптимизам. Венера ве прави да сте весели, убави и ви дава предиспозиции за соработка и срдечен однос. Единствената лоша работа ќе биде вашата тенденција да претерате и тешкотијата да се спротивставите на искушенијата. Последната декада може да предизвика некои проблеми.
Совет на „Штипка“: Сторете најдобро што можете да го намалите темпото и не вложувајте во непознати потфати!

Месечен хороскоп за Девица: Јуни 2015

Љубов

Венера и Јупитер ќе ви донесат среќа и исполнување. Но, ова може да е поврзано со некои тајни, потсвеста, илузија или нешто незаконско. Од сега па до ноември, планетарните позиции ќе ви даваат важни увиди во емоциите и односите. Но, може да предизвикаат и проблеми… Бидете внимателни во што се впуштате; би можело да биде комплицирано!

Пари

Имате три силни сојузници во куќата на кариерата: Марс, Сонцето и, уште поважно, Меркур. Благодарение на Меркур сите недоразбирања или пречки од минатото сега ќе се решат. Ситуацијата ќе стане појасна, ефикасноста расте и акциите се добро координирани и резултираат со успех. Освен тоа, Уран и Венера ќе ви обезбедат чиста патека во секоја  насока. Згора на ова, ќе бидете среќни и кога станува збор за парите!

Здравје

Добро сте опремени за да се справите со потенцијално непријатни ситуации овој месец. Ако се појават непријатни ситуации, најверојатно ќе се случат во првата половина на месецот и ќе бидат предизвикани од вашето претерување или непромислени чекори. За да ги избегнете ризиците, препорачливо е да бидете смирени, дисциплинирани и претпазливи.

Совет на „Штипка“: Внимавајте со кого се дружите – и во љубовта и во бизнисот!

Месечен хороскоп за Вага: Јуни 2015

Љубов

Благодарение на Венера и Јупитер ќе си поминете одлично овој месец – ќе одите на забави или различни дружења заедно со партнерот, ќе сретнете некоја нова личност на некоја седенка или состанок, или под поинакви околности каде што се собираат луѓе со заеднички интереси. Љубовниот живот може да се придвижи благодарение на интелектуални, културни и духовни преокупации или споделени интереси или, пак, може да тргнете заедно со саканиот партнер во некој вид емоционално патување. Романса на делечина воопшто не е исклучена, напротив. Комуникацијата, без разлика дали е лице-в-лице или на далечина, е многу важна за љубовниот живот на Вагите во јуни годинава.

Пари

Одличен месец бидејќи ви се на располагање сите ресурси за успех. Многу сте популарни и среќни сте или доволно вешти да најдете заштитници, поддржувачи и пријатели подготвени да ви помогнат за сè она што имате намера да направите, да ви поддржат или да ве промовираат. Јуни е многу поволен месец за групни проекти и секакви активности поврзани со организации. На секое поле може да бидете успешни, но изгледа дека студирање, истражување, културни и духовни преокупации, правни прашања или аранжмани за патување најмногу го привлекуваат вашето внимание и ве мобилизираат уште повеќе. Парите доаѓаат во најголем дел преку оние во ваша близина. Вагите ќе добиваат подароци, спонзорства или други финансиски предности.

Здравје

Работите почнуваат да се смируваат по големото ментално и нервно напрегање во минатото. Иако сè уште ќе се соочувате со одредени компликации во првата половина на јуни, сега имате поинаква перспектива на нештата, поголем оптимист сте и посигурни, а тоа ви помага да решите некои проблеми со поголема леснотија. Втората половина на јуни е порелаксирачка за Вагите.
Совет на „Штипка“: Побарајте услуга и поддршка, бидејќи многу е веројатно дека ќе ги добиете! Одлично време за нови пријателства.

Месечен хороскоп за Шкорпија: Јуни 2015

Љубов

Благодарение на планетите, може да очекувате важни и среќни настани: романтични предлози или изјави на љубов, издигнување на вашиот социјален статус преку партнерот, постигнување важна цел, запознавање со некој кој ќе ви бид мил во душата, помирување или, во некои случаи, дури и веридба или брак. Љубовниот живот и/или бракот на Шкорпиите ќе биде поврзан на некој начин со кариерата, позицијата, статусот, угледот. Студии, патувања или високи општествени кругови, исто така, може да бидат вклучени.

Пари

Јуни е успешена месец за Шкорпиите. Со Венера и Јупитер, само небото е граница, а можностите изгледа дека искрснуваат од секаде. Ќе ве фалат, ценат, па дури и наградуваат, а можно е унапредување, да освоите нешто и да уживате во успехот. Одлично време за слава и престиж. Достигнувањата се потпомогнати од врските што ги имате во високите кругови, соработниците, вашиот брачен другар или од љубовникот. Планетите ви се благонаклонети во однос на работата и парите, така што вашите остварувања ќе бидат пропатени со парична добивка. Сепак, внимавајте како ќе ги искористите!

Здравје

Здравјето е сè уште проблематично во јуни. Повеќе проблеми може да се јават на здравствен план, а ризикот од криза и од неочекувани проблеми сè уште е присутен. Виталноста е на ниско ниво. Препорачливо е да не форсирате, туку да се грижите за себе.

Совет на „Штипка“: Би било подобро да одложите било какви финансиски иницијативи за вториот дел од месецот.

Месечен хороскоп за Стрелец: Јуни 2015

Љубов

Јуни е сексуално наелектризиран, што може да резултира со неодоливо привлекување и смели романтични гестови, ако не дури и само авантуристички. Уран постојано ја заживува вашата еротичност, предиспонирајќи ве за необични или неочекувани искуства, а благодарение и на другите планети, изгледа дека јуни годинава ќе биде многу активен од сентиментална и еротска гледна точка. Може да преземе одговорност и да тргнете да го добиете она што го сакате. Но, понекогаш може да станете премногу импулсивни, генерирајќи тензии или, обратно – вашето сакано лице може да биде премногу импулсивно. Во втората половина може конечно да се реши еден проблем што ви здодева неколку недели.

Пари

За Стрелците, јуни е натпреварувачки месец. Може ќе имате дискусии, повторни преговори, повторни пресметки кои, исто така, вклучуваат некој друг, веројатно ваши соработници, противници или конкуренти. Недоразбирања или грешки може да се случат уште во првата декада на јуни, па ако треба да склучите зделка или да потпишете договор, тактично одложете го тоа за втората или третата декада. Области кои носат најмногу задоволство за Стрелците во јуни се оние кои се однесуваат на учење, истражување, публикување или култура. Далечни патувања или соработки на далечина се профитабилни. Успехот зависи од тоа како ќе комуницирате и како ќе разменувате податоци со другите.

Здравје

Со нивото на стрес што се покачува, немате многу шанси за баланс овој месец. Иако сте прилично активни и вознемирени или иако ќе мора да дораснете на некои предизвици, сега-засега вашето здравје нема да страда. Сепак, бидете внимателни, бидејќи во следните месеци вашата здравствена и физичка кондиција може неочекувано да се промени.

Совет на „Штипка“: Бидете трпеливи и тактични!

Месечен хороскоп за Јарец: Јуни 2015

Љубов

Во јуни, Стрелците нема да ги манифестираат емоциите така лесно. Работите се случуваат внатре во нив во однос на длабоки, емотивни аспекти на чувствата и на љубовниот живот. Благодарение на планетите, ова е поволен месец за интроспекција и анализа, можеби дури и за психолошки пристапи. Сега ќе станете свесни за суптилни детали или неоткриени важни информации, кои што ќе ви помогнат да го разберете вашиот партнер и како функционира вашата врска. Истовременото присутво на Венера и Јупитер во 8-мата куќа може да се толкува и прагматично: вашето сакано лице веројатно ќе придонесе за вашата материјална благосостојба или ќе ви подари значаен подарок.

Пари

Благодарение на планетите, јуни е работен месец. Ќе имате многу работа, ќе трошите многу енергија, ќе мора да се соочите со некои итни случаи или ситуации кои ќе ве присилат да донесете брзи одлуки. Можеби ќе треба да се справите со агресивни соработници или недисциплинирани подредени. Во првата половина од месецот ќе се судрите со некои прашања во врска со документи, информации или зделки, а канцелариската опрема може да се оштети кога најмалку очекувате. И покрај сите овие тешкотии, на крајот ќе направите одлична работа и вашите достигнувања ќе бидат извонредни и профитабилни. Работа ќе биде достојно наградена, а ќе добиете и нешто екстра од некоја соработка или партнерство.

Здравје 

Здравствената состојба на Јарците може да биде жешка тема во јуни. Некои проблеми може да се влечат од минатиот месец, а нови, неочекувани проблеми може да се појават. Бидете внимателни, особено во првиот дел од месецот! Втората половина на јуни може да донесе решенија и тоа е добро време за прегледи, третмани и други медицински процедури.

Совет на „Штипка“: Не претерувајте и научете да пренесете дел од вашите одговорности на други!
 

Месечен хороскоп за Водолија: Јуни 2015

Љубов

Јуни ќе биде невообичаен месец за љубовните врски на Водолиите. Планетите ветуваат дека ќе ви донесат среќа, исполнување, помирувања, веридби, свадби, патување или убави романтични одмори. Под закрила на Венера и Јупитер, може да постигнете успех со вашиот посебен партнер или може да запознаете некој посебен за кој ќе мислите дека ви е суден. Покрај тоа, јуни е исклучителен и за вашиот сексуален живот: Сонцето, страсниот Марс и разиграниот Меркур се токму во вашата куќа на еротиката! Во јуни нагласени се полето на љубовта, желбата, партнерството и сексот. Суштината е јасна: ова може да биде ваше најдобар период  во последниве неколку години!

Пари

Јуни ги поставува Водолиите во поволни ситуации и им отвора нови перспективи. Имате добри инстинкти што ве водат во вистинската насока и имате дарба да ги користите средствата на восхитувачки начин. Вие сте креативни, начинот на кој се изразувате е магичен и многу сте отворени за нови работи, експерименти и за авантура. Полни сте со енергија и адреналин и сè што правите се чини едноставно и лесно. Ќе добиете шанса да запознавате посебни луѓе кои можат да ви станат добри пријатели, партнери и соработници. Имаат големи резултати во тимска работа, можат да коваат нови работни партнерства и да го потпишуваат многу профитабилни договори. Може да заработите многу пари во текот на овој интервал, но препорачливо е да избегнете шпекулации, бидејќи тие може да доведат до загуби.

Здравје

Имате доволно енергија за двајца, се чувствувате удобно во својата кожа и ништо нема да го разниша вашиот оптимизам. Прекрасно време за забава, патување и одмор. Се препорачуваат многу активности на отворено во текот на јуни: спорт, прошетки, возење велосипед, пливање, танц – сето тоа со вашето љубено лице или со пријателите.

Совет на „Штипка“: Правете сé што ќе ви посака срцето, но обидете се да не претерувате!

Месечен хороскоп за Риби: Јуни 2015

Љубов

Позицијата на Меркур укажува на тоа дека потенцијалната љубов гравитира околу домот: може да е поврзана со изградба, ентериерот и екстериерот на куќа или изнајмување на стан, со уредување и градинарството, или со иницијативи поврзани со селење или со самиот дом. Венера, планетата на љубовта, исто така, е ориентирана кон практични нешта: работата. Јуни би можел да биде месец без романтика, кога љубовта е на второ место. Може ќе најдете заедничко решение за двете области – со други зборови, практичните определби да станат заеднички проекти за вас како двојка. Канцелариска романса исто така може да се роди.

Пари

Јуни нуди голем професионален потенцијал за Рибите. Сè што ви треба е добра стратегија и пристап. Поволни ситуации ви се отвораат, што ќе го консолидираат вашиот углед и ќе ви даде финансиска сатисфакција. Јуни е плоден месец, во кој ќе бидете богато наградени. Работата ви претставува задоволство сега, може дури да станете и посветени на работата, а најголемите успеси доаѓаат токму тогаш кога го користите вродениот талент. Сепак, многу Риби ќе вложуваат напори, енергија и финансиски средства во активност која може да е поврзана со куќа, парче земја, дирекција, можеби нешто што вклучува земјоделството, хортикултура или акции. Тоа е област каде работите се во застој некое време, но сега се повторно во подем.

Здравје

Здравјето мора да го следите постојано, барем до август 2015. Во јуни, планетите наговестуваат подобрување или изнаоѓање големи решенија. Месецов е поволен за анализи, испитувања и да преземете енергични мерки за решавање на сите здравствени проблеми што ги имате.

Совет на „Штипка“: Покажете воздржаност и не препуштајте се на кулинарски или баханатски искушенија премногу често!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button