Диети

Едноставен начин со кој ќе ослабите 10 килограми за 6 недели

Реклама
Реклама

Ако сакате за релативно кратко време да изгубите пет до десет килограми, заборавете на популарните диети како Дукан и Аткинс. Доволно ќе биде да го прескокнувате појадокот, да пиете кафе и да се бањате во ладна вода!

Прескокнувајте го појадокот, јадете три големи оброци дневно и пијте многу кафе. Иако многумина го сметаат појадокот за најважен оброк во денот, неговото прескокнување всушност ќе ви помогне да ослабите. Така вели диетата која стана толку популарна што ја надмина и славната Дукан диета.

Маркетинг

Диетата се нарекува SIX WEEKS TO OMG и е дело на британскиот автор и фитнес тренер Венис А. Фултон. Претставува резултат од научни истражувања и искуствата на самиот автор во работата со славни личности на кои им помагал да ослабат и да го обликуваат телото. Фултон не нуди структуриран план на оброци или рецепти, но вели дека ако ги внесете неговите совети во вашиот живот, за 6 недели можете да изгубите 5 до 10 килограми. Подолу следат главните 6 чекори на оваа хит диета.

Маркетинг

1. Не јадете наутро. Најважниот дел од планот е да не јадете појадок 6 недели. Кога си легнувате навечер имате одредена количина на енергија во организмот како храна во крвта, дел во желудникот, дел во црниот дроб. Бидејќи мозокот работи и додека спиете, наутро нема да остане ништо и мозокот праќа сигнали дека сте гладни. Сепак, ако сакате да се ослободите од складираните маснотии не смеете да појадувате! Немојте да јадете, туку движете се и вежбајте кога имате ниско ниво на енергија во организмот (кога ќе станете наутро и пред да појадувате) и вашето тело ќе согорува повеќе масти.

Нова хит диета – за 14 дена дури 7 килограми помалку >>

2. Ладна купка секое утро. Ладната купка наутро ќе го поттикне телото да согорува повеќе маснотии и значително ќе го забрза вашиот метаболизам во следните 12 до 15 часа. Се препорачува да се бањате во вода со температура од 15-20 степени Целзиусови во која треба да издржите повеќе од 15 минути. Влегувајте постепено и никако не се загревајте со топол туш бидејќи можете да се онесвестите. Не користете ладни купки ако имате проблем со срцето, крвниот притисок или дијабетес.

Како да изгубите четири килограми за само една недела >>

3. Пијте кафе. По ладната купка, време е за кафе! Кафето помага во согорувањето на маснотиите благодарение на кофеинот што го содржи. Кога пиете кафе на празен желудник го поттикнува телото побргу да ги согорува мастите. Кофеинот ги отвара масните клетки чија содржина се излева во крвотокот од каде доаѓаат во мускулите и се користат како гориво. Сепак, за да се постигне ова, утринската доза на кофеин треба да се комбинира со физичка активност. Во спротивно маснотиите ќе се задржат во крвта и со текот на времето ќе ги оштетат артериите. Пијте кафе без шеќер, вештачки засладувачи или млеко.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button