Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – проверете што ви е запишано во ѕвездите

Реклама

Прочитајте што ви носат деновите што се пред вас…

Што ви носи неделата која е пред вас прочитајте во хороскопот на Штипка. Со еден клик проверете што ви е запишано во ѕвездите за наредниот период како и за тоа дали ќе ви се исполнат желбите и соништата. Секоја недела ве очекува нов хороскоп, додека пак, на крајот од месецот ве очекува месечниот хороскоп за наредниот месец. Проверете што ве очекува на деловен план, но и како да се решите од љубовните проблеми кои се пред вас.

Маркетинг

На нашата страни прочитајте дали Овните, Биковите и Лавовите ќе бидат погодени од стрелите на Амор или пак тоа периодов е резервирано само за Риби и Девици.

Со само еден клик ѕирнете во својата иднина и проверете што ве очекува и како да се носите со убавите, но и со предизвиците во неделата која што е пред вас. Ако пак сакате да го прочитате и големиот месечен хороскоп, кликнете тука.

Маркетинг

OВЕН

 

Неделен хороскоп за Овен: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Поволна фаза за беќарите/момите. И покрај разликите меѓу нив, брачните двојки, најверојатно, ќе останат соединети. Ако веќе сте во љубовна врска, ќе бидете заинтересирани за зајакнување на истата.  Пари: Приливот на пари може да се намали до одреден степен, што влијае на вашите планови за штедење. „Штипка“ препорачува да се подготвите соодветно за идни потенцијални трошоци. Не е лошо и да побарате  хонорарна работа.  Здравје: Добра општа здравствена состојба. Меѓутоа, и натаму внимавајте на вирусни инфекции. Постарите да бидат внимателни додека се качуваат/симнуваат по скали.

 

БИК

 

Неделен хороскоп за Бик: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Меркур сега ќе ги подобри љубовните односи. Беќарите/момите ќе добијат позитивен одговор од спротивниот пол. Кај брачните двојки можна е вознемиреност. Избегнувајте расправии.  Пари: Ќе размислувате интелигентно за подобрување на финансиската состојба. Обидете се да стекнете навика да штедите за ’црни’ денови, советува „Штипка“.  Здравје: Средовечните и постарите, кои страдаат од дијабетес или крвен притисок, треба да се екстра внимателни. Отфрлете ја брзата храна и одете на фитнес.

 

БЛИЗНАЦИ

 

Неделен хороскоп за Близнаци: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Беќарите/момите ќе сретнат лице на иста бранова должина и ќе бидат подготвени да градат подлабоки односи. Кај брачните двојки ќе се надминат разликите меѓу сопружниците.  Пари: Без финансиски грижи оваа недела. Децата може да ви досадуваат за скап телефон, на пример, но „Штипка“ ве советува да не попуштите.  Здравје: Добра општа здравствена состојба. Но, ако сте склони кон дијабетес и неправилен крвен притисок, бидете внимателни. Јогата и медитацијата може да имаат терапевтски ефект.

 

РАК

 

Неделен хороскоп за Рак: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Односите со брачниот другар ќе се затоплат. Но, ќе бидете шокирани поради недолично однесување на некој близок.  Пари: Подобра финансиска состојба. Сепак, можно е зголемување на домашните трошоци. Запрашајте се два пати пред да купите било што –  дали можете без тоа или не.  Здравје: „Штипка“ предвидува дека ѕвездите се на ваша страна и, ако евентуално страдате од некои стари болки, дефинитивно ќе го  најдете вистинскиот лек.

 

ЛАВ

 

Неделен хороскоп за Лав: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Беќарите/момите може да се добијат позитивни вибрации од повеќе од едно лице. „Штипка“ советува да препуштите судбината да одлучи за вас. Не толку хармонични односи со брачниот другар. Индолентниот однос на животниот партнер ги намалува шансите за помирување.  Пари: Во потрага сте по нови начини за добивки. Непланираните и личните ќе се зголемат. Откажете се од скапи зависности.  Здравје: Добра општа здравствена состојба. Меѓутоа, оние на средна возраст нека се консултираат со нутриционист.

 

ДЕВИЦА

 

Неделен хороскоп за Девица: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Беќарите/момите ќе имаат потешкотии во наоѓање вистинска можност и поволен амбиент. Оние во врска ќе бидат преокупирани со кариерата. Меѓу брачните парови, односите ќе бидат одлични.  Пари: Внимателно при трошењето пари. Можни се ненадејни семејни издатоци.  Здравје: Без големи негативности оваа недела. Сепак, постои опасност од случајни повреди. Бидете внимателни при возење, како и при користење остри алатки во кујната. Средовечните треба да започнат со редовни вежби што е можно поскоро, советува „Штипка“.

 

ВАГА

 

Неделен хороскоп за Вага: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Беќарите/момите ќе бидат заинтересирани за силна врска, но тоа не значи и физичка интимност. Во брачниот живот и понатаму ќе владее благ степен на непријатности.  Пари: Во врска со финансиите, ќе доживеете одреден стрес, предвидува „Штипка“. Испланирајте го сега буџетот на долгорочна основа, а тргнете настрана доволно резерви.  Здравје: Генерално, добро здравје. Средовечните луѓе, сепак, треба да го сменат начинот на живот за да се справат со проблемите поврзани со возраста. Јогата и медитацијата може да бидат многу ефикасни во зголемување на вашата долговечност.

 

ШКОРПИЈА

 

Неделен хороскоп за Шкорпија: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Беќарите/момите треба излегуваат повеќе и да уживаат во интимноста. Штом ќе бидете сигурни за нејзината/неговата наклонетост, може да ги откриете своите нежни чувства. Брачните двојки ќе продолжат да имаат пријателски односи со животниот партнер.  Пари: Нема добри предуслови за финансиски напредок. Големи трошоци поврзани со семејството, предвидува „Штипка“.  Здравје: Мали проблеми, но не и сериозен здравствен проблем. Средовечните да ги земаат лековите и да прават вежби за да ја задржат тежината под контрола.

 

СТРЕЛЕЦ

 

Неделен хороскоп за Стрелец: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Вљубените ќе имаат пријатна недела. Беќарите/момите ќе имаат потешкотии при изразување на чувствата. Сепак, ѕвездите се на ваша страна, па тргнете напред без никакво двоумење. Среќен период во брачниот живот, вели „Штипка“.  Пари: Зголемување на непланирани и лични  трошоци. Не ќе можете да заштедите. Некои неочекувани трошоци може да ве натераат да трошите од парите што веќе сте ги тргнале настрана.  Здравје: Можни проблеми со дигестивниот систем. Добро е да пробате некоја алтернативна терапија и бидете сигурни дека оваа недела ќе го најдете вистинскиот третман.

 

ЈАРЕЦ

 

Неделен хороскоп за Јарец: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Во брачниот живот, непредвидливи промени во расположението на вашиот животен партнер. Можни несогласувања и расправии, но „Штипка“ советува да ги избегнете и да бидете потактични. Беќарите/момите ќе имаат тешкотии да ги искажат чувствата кон симпатијата.  Пари: Подобра финансиска позиција. Внимателно со трошење на тешко заработени пари.  Здравје: Чести мали проблеми, како настинка и кашлица. Преземете превентивни мерки. Оние кои страдаат од дијабетес, треба да одат на темелно испитување.

 

ВОДОЛИЈА

 

Неделен хороскоп за Водолија: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Планетите ги поддржуваат беќарите/момите и главното прашање е избор на вистинската личност. Оние во врска, ќе ги надминат разликите и можно е да се одлучат за брак.  Пари: Комотна финансиска состојба. Сепак, „Штипка“ предвидува зголемување на непланирани и вообичаени трошоци. Целосно избегнете непотребни трошоци.  Здравје: Старите заболувања, без оглед колку минорни, треба да се следат внимателно со темелни медицински прегледи. Постои можност од случајни повреди. Возете внимателно. Фитнес вежби или аеробик часови се пожелни.

 

РИБИ

 

Неделен хороскоп за Риби: 14-20 јуни, 2015

Љубов: Без поддршка од планетите за беќарите/момите во потрага по сродната душа. Брачни двојки ќе имаат затегнати односи, бидејќи несогласувањата може да станат секојдневни. Ако не се контролира веднаш, врската може наскоро непоправливо да ’пукне’.  Пари: Незадоволство меѓу членовите на семејството ќе ве загрижуваат. Ќе треба да потрошите многу пари за нив, што ќе ги исцрпи резервите и ќе почнете сериозна потрага по алтернативни извори на приходи.  Здравје: Средовечните и постарите дијабетичари да одат на соодветен медицински преглед, како и оние со проблеми со крвниот притисок. Другите ќе уживаат во добра општа здравствена состојба.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button