Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за декември: Бикот ќе има шанси за подобрување на својата кариера, а Рибите ги очекуваат познанства со влијателни луѓе

Реклама

mesecen
Вага

Работа:

 Доколку барате работа, нема да имате проблеми да ја најдете истата, но од втората половина на овој месец. Проблем може да имате само при избирањето на вистинската работна позиција. Добро разглеајте ги понудите, посебно оние кои ќе следуваат после 24-ти декември.

Маркетинг

Здравје:

 Главниот проблем ќе ви биде недостаток на одмор. Од втората половина на декември обрнете внимание на својата кондиција, како и на емотивната состојба. Сочувајте ја физичката енергија.

Маркетинг

Љубов:

 Доколку сте слободни, ќе имате многу прилики за започнување нова врска, но тоа нема да биде ништо сериозно. Во текот на декември не очекувајте каква било сериозност. Пред оние Ваги кои се во врска или брак, претстои турбулентен период. Доколку планирате проширување на семејството, идеален период за тоа е после 10-ти декември.

Шкорпија

Работа:

 Деловните можности буквално ќе ве трчкаат овој месец. Посебно добри понуди ќе добиете во текот на третата недела од декември. Вие барате емотивно задоволство во вашата професија.

Здравје:

 Обрнете внимание на своето ментално здравје, но никако не запоставувајте го физичкото. Внимавајте на муслкулите, но и на труење со храна.

Љубов:

 Доколку сте осамени, ова е доста поволем период за вас. Ќе најдете љубов преку некоја роднина, во академските кругови или во вашето соседство. Ќе ве привлече личност која е многу паметна и која има комуникативни способности.

mes2

Стрелец

Работа:

 При крајот на овој месец можете да очекувате голема, но позитивна промена. Тоа ќе биде или некое изненадно, убаво деловно патување, или пак одлична понуда за нова работа. Што и да одлучите, ќе завршите со голем успех.

Здравје:

 Што е можно побрзо треба да започнете со редовно вежбање. Тоа е онаа нишка која ви недостига за здравјето да ви биде совршено.

Љубов:

 Што се однесува до емотивното поле, сите работи ќе бидат во најдобар ред. Стрелците кои се во брак или во долга врска ќе уживаат во незаборавните моменти со нивниот партнер, додека пак слободните припадници на овој знак ќе запознаат личност која веднаш ќе сака да влезе во брачните води. Ова е идеален период за планирана, но и за непланирана бременост.

Најлошите љубовни парови во хороскопот>>>

Јарец

Работа:

 Независноста и храбрите одлуки овој месец ќе ви го донесат успехот кој сте го заслужиле. Јарци, поставете си јасни цели и направете што е во ваша можност за да ги остварите. Доколку сте напнати, можете да практикувате медитација или друга вештина.

Здравје:

 Овој месец едноставно ќе се чувствувате одлично!

Љубов:

 На полето на љубовта ќе имате статична ситуација. Слободните Јарци ќе имаат многу можности за запознавање на потенцијален партнер, но сето тоа ќе остане на платонска љубов или необврзан флерт. Оние кои се во брак ќе уживаат во идеалните односи во текот на целиот месец декември, а можно е и донесување одлуки за проширување на семејството.

 

mes3

Водолија

Работа:

 Овој месец Водолиите ќе доживеат голем успех на работа, а тоа благодарејќи на работата во која вложиле многу друг. Ве очекуваат повеќе пари и поголем статус.

Здравје:

 Водете сметка за своето здравје, хранете се поздраво и воведете барем малку физичка активност.

Љубов:

 Бидете внимателни во љубовта. Ако запознаете личност која ви се допаѓа, не брзајте. Дури и оние кои се во брак треба да се обидат да го разберат својот партнер. Одлуката да станете родители треба да биде добро испланирана. Слободните Водолии ќе најдат неколку потенцијални партнери во овој месец. Љубов може да пронајдете и помеѓу своите пријатели.

Ни случајно НЕ смеете да ги повредите – oва се најодмаздољубивите хороскопски знаци>>>

Риби

Работа:

 Не би било лошо да го дополните своето знаење со посета на некој курс. Некои припадници на овој знак ќе имаат чести деловни патувања овој месец. Оние кои имаат сериозна врска или семејство, може да очекуваат силна поддршка од своите најблиски.

Здравје:

 На Рибите им се препорачува физичка активност која ќе им помогне не само емотивно, туку и здравствено.

Љубов:

 Овој месец Рибите може да очекуваат многу познанства и тоа со влијателни луѓе. Оние кои се слободни ќе бараат можности во деловното опкружување. Оние кои се во брак ќе размислуваат за проширување на семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button