Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за декември: Бикот ќе има шанси за подобрување на својата кариера, а Рибите ги очекуваат познанства со влијателни луѓе

Реклама

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ДЕКЕМВРИ 2017).

 1 mesechen

Овен

Маркетинг

Работа:

Поради големото внимание кое ќе го посветите на работата, овој месец ќе забележите успех, а можно е и унапредување или пак понуда за подобра работна позиција во друга компанија. Вашата работа и вашиот труд ќе бидат забележани од страна на надредените, па важно е само добро да се фокусирате на професионалните цели и да не отстапувате од патот.

Маркетинг

Здравје:

Можни се мали проблеми со цревата, како и сезонска кашлица.

Љубов:

Ако не го контролирате своето однесување, и ако не одвоите повеќе време за вашиот партнер, тогаш овој месец ве очекуваат кавги. Слободните Овни ќе имаат можност за сериозна врска. Личноста која целосно ви одговара можете да ја сретнете помеѓу вашите колеги.

Бик

Работа:

За сите оние кои сакаат својата кариера да ја подигнат на едно повисоко ниво, овој месец постојат реални шанси за тоа. Ако вложите поголем труд, тогаш може да очекувате подобри резултати веќе кон средината на месец декември. Не е важно со што ќе бидете наградени, важно е што вашиот труд ќе биде вреднуван.

Здравје:

Ако конечно започнете да вежбате редовни, здравјето значително ќе ви се подобри. Крајно време е да го подобрите својот имунитет.

Љубов:

Осамените Бикови во текот на овој месец ќе привлекуваат само богати, убави и влијателни личности, а од тие нови познанства може да се роди голема љубов. Биковите кои се во брак или врска, можат да се опуштат и да уживаат во своето мало, тивко катче.

Kармата и хороскопските знаци >>>

mesecen2

Близнаци

Работа:

Ако барате работа, пред вас се сјајни прилики. Одлични можности може да добиете и преку некој подалечен член на семејството. Само бидете точни, вредни и одговорни, па резултатите ќе бидат видливи.

Здравје:

Време е да започнете некоја програма за детоксикација. Вашите нездрави навики конечно би можеле да ги извадат на површина своите последици.

Љубов:

Ќе бидете многу активни, со што ќе имате прилики да запознаете интересни личности. Ако сте во врска или брак, не започнувајте афери, затоа што разделбата ќе биде многу бурна, а постои шанса и да останете без вашиот партнер. Доколку размислувавте за бременост, можеби подобро е да ја дочекате 2018-та година.

mesecen3

Рак

Работа:

 Личностите родени во знакот Рак во месец декември ги очекуваат динамични случувања на полето на кариерата. Избегнувајте моментални одлуки и кавги со надредените, бидејќи тоа може да резултира со прекинување на работниот однос. На крајот на овој месец можно е зголемување на платата.

Здравје:

 Можни се болки во мускулите, а промената на начинот на исхрана би можела многу да ви помогне. Јадете што е можно повеќе сезонско овошје и зеленчук.

Љубов:

 Слободните Ракови ќе склопат многу нови пријателства од кои би можела да се роди вистинска љубов. Тоа би можело да биде некоја личност од работата или пак некое познанство преку стари пријатели. Сексуалноста ќе биде изразена, па Раковите кои се во брак или во долга врска ќе бидат поблиски од кога било. Ова е поволен месец за проширување на семејството.

Лав

Работа:

 До 21-ви декември обидете се да работите на вообичаениот начин и да не привлекувате големо внимание кон себе. Дури во последната недела од овој месец, дозволете ѝ на вашата креативност да дојде до израз. Вашите идеи ќе им се допаднат на шефовите, но многу е важно да го анализирате секој ваш чекор.

Здравје:

 Иако не е вообичаено за вашиот знак, можни се симптоми на депресија. Вратете му се на спортот, излегувајте со пријателите и работите повторно ќе дојдат во својот ред.

Љубов:

 Како и обично, во љубовниот живот на Лавовите и овој месец нема да има досадни моменти. Слободните припадници на овој знак едноставно ќе зрачат со шарм, а постои можност и за нова, страсна авантура. Оние кои се во врска или брак мора да се потрудат да останат верни, доколку сакаат да ја сочуват својата врска.

Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак>>>

 

mesecen2

Девица

Работа:

 Моментално вашите работни активности се во застој, но тоа ќе се промени од средината на декември. Бидете внимателни кога се во прашање новите деловни понуди.

Здравје:

 Бидете внимателни до 21-ви декември, затоа што здравјето ќе ви биде многу чувствително. Сочувајте ја енергијата, а бидете внимателни и со менталното здравје, затоа што тоа е од пресудно значење.

Љубов:

 Овој месец љубовта ќе ви цвета. Меѓутоа, секогаш ќе ви се чини дека имате недосонети соништа во новата врска. Можен е брак или бременост.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button