Реклама
Хороскоп

Годишен хороскоп за 2018 – астро прогноза за сите знакови

Реклама

 

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Маркетинг

Оваа година ќе биде поволна за ваш раст и напредок, само треба да бидете трпеливи. Можни се мали проблеми во вашата врска, а оние кои се слободни би можеле да пронајдат вистинска љубов.

ЉУБОВ

Маркетинг

Љубовниот живот ќе ви биде на задоволително ниво, иако можни се мали несогласувања со партнерот и проблеми во меѓусебната комуникација. Оние кои се слободни би можеле да ја пронајдат вистинската љубов. Излезете од своите соништа и влезете во реалноста на животот. Скромноста и едноставноста ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот пат кон среќата. Настојувајте што повеќе да ги споделувате своите чувства со вашиот партнер.

КАРИЕРА

Оваа година Јарците ќе имаат огромни можности за напредување во својата кариера. Ќе имате многу слобода да ги истражувате своите професионални можности, но исто така ќе добиете и помош од експерти и колеги од работата. Останете мирни, работете напорно и бидете скромни во вашето однесување, доколку сакате да успеете. Тимската работа би можела да ви се исплати.

ПАРИ

Избегнувајте импулсивни трошења и штедете што повеќе за иднината. Планирајте ги трошоците и поставете си приоритет. Бидете храбри и откажете се од некои непотребни уживања во животот. Средината на годината може да се соочите со трошоци поврзани за саканата личност.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе имате зголемено ниво на енергија и виталност. Ова е убаво време да се занимавате со спорт и да се откажете од некои лоши навики. Повремено поминувајте преку неикја програма за детоксикација.

ЗАКЛУЧОК

Генерално гледано, оваа година ќе ви биде поволна, но особено внимание обрнете на финансиските трошења.

ВОДОЛИЈА (21 ЈАНУАРИ – 19 ФЕВРУАРИ)

Целата година ќе се обидувате да воспоставите една нормална рамнотежа во вашиот живот. Времето ќе биде поволно за да остварите добри односи со некои околу вас. Ќе имате значајни промени во животот и ќе бидете премногу амбициозни и ќе изразите поголема количина на енергија и волја. Држете ги своите емоции под контрола и избегнувајте непотребни задоволства со цел да заштедите пари.

ЉУБОВ

Оваа година би можеле да го подобрите квалитетот на вашиот љубовен живот. Ова е време кога ќе можете да се зближите со вашиот партнер. Оние кои се слободни би можеле да остварат некои потенцијални средби оваа година. Настојувајте што повеќе да ги намалите несогласувањата и бидете отворени за комуникација. Зборувањето со вашиот партнер би бил добар начин за да ги отстраните лошите мисли кои ви го уништуваат односот.

КАРИЕРА

Оваа година вашите амбиции ќе добијат нов правец. Како што минува времето, можно е унапредување. Обидете се да бидете во добар контакт со вашите надредени и колегите. Дипломатијата ќе прави чуда за вас и за вашата кариера. Односот со вашите клиенти е клуч за преживување оваа година.

ПАРИ

Што се однесува до финансиите и материјалната состојба, оваа година ќе бидат на ваша страна. Ќе имате задоволителен прилив на средства, но чувајте се од незрели трошоци. Не купувајте неразумно и обидете се да се откажете од некои свои страсти и задоволства. Крајот на годината ќе ви подари добри финансиски приливи кои добро ќе ве подготват за наредната година.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе имате голема енергија, но мора да се посветите и на диета и на вежбање. Избегнувајте храна со високо ниво на масти, Дајте им ги потребните вежби на вашето тело и вашиот ум. Држете се подалеку од неактивен начин на живот, затоа што тоа може да има последици по општото здравје.

ЗАКЛУЧОК

Стабилна година која бара повеќе внимание на здравјето.

РИБИ (20 ФЕВРУАРИ – 20 МАРТ)

2018-та година ќе ви донесе влегување во важна фаза во вашиот живот. Некои од вашите желби и амбиции ќе добијат крила и ќе успеете да направите радикални промени во својот начин на живот и кариера. Правилно насочете ја својата енергија за да добиете најдобра награда во животот.

ЉУБОВ

Љубовниот живот оваа година би можел да ви биде прилично среќен. Нивото на емоциите ќе ви биде на врвот и ќе имате мотивација да остварите неколку свои соништа. Рибите кои се сами може да имаат многу убаво средби. Но, не постапувајте брзо и добро согледајте ги предностите и слабостите на потенцијалниот партнер, пред да се впуштите во нешто сериозно. Страста и романтиката ќе бидат со вас во текот на целиот период. Ова ќе биде период кога ќе пронајдете целосно задоволство во љубовта.

КАРИЕРА

Доколку сакате да бидете особено добри во вашата кариера, оваа година ќе треба повеќе да се посветите и напорно да работите. Фокусирајте се на еден или на два проекти и насочете ја својата енергија на нив. Околу средина на годината може да дојде до промени на работното мест. Не бидете импулсивни и преземајте мали и смели чекори.

ПАРИ

Финанискиот живот на Рибите ќе биде целосно поразличен од претходните години. Сега ќе бидете почувствителни на паричните потреби околу вас, така што треба добро да внимавате на трошењето. Бидете внимателни на секој детал пред да се впуштите во какви било вложувања. Некои инвестиции од претходниот период, оваа година би можеле да вродат плод.

ЗДРАВЈЕ

Вам ви се препорачува да се држите до вежбање и здрави навики во исхраната, со цел да имате повеќе ернергија. Медитацијата, јогата и диетите може добро да ви послужат за да го помладите вашиот дух и да ги поминете искушенијата во вашиот живот.

ЗАКЛУЧОК

Ве очекува добра година, но предуслов е да бидете внимателни за секој ваш чекор.

Илустрации: aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4

Поврзано

Back to top button