Реклама
Хороскоп

Годишен хороскоп за 2018 – астро прогноза за сите знакови

Реклама

 

ВАГА (23 СЕПТЕМВРИ – 22 ОКТОМВРИ)

Маркетинг

Оваа година бидете фокусирани на своите идеали во животот. Не доверувајте ништо никому, додека не размислите два пати. Кај некои Ваги постои можност за преселување. Во октомври работите ќе почнат да се движат во ваша корист и финансиски ќе изгледате прилично добро.

ЉУБОВ

Маркетинг

Оваа година подобро ќе можете да го разберете партнерот во вашиот живот и тоа ќе ви донесе многу добри резултати. Јупитер ќе ви помогне да развиете значајни односи со саканата личност, при што ќе се појави интензивна страст и романтика. Но, ви се советува да не преземате некои импулсивни акции. Одрекувањето од некои лоши врски би можело да ви донесе целосна среќа.

КАРИЕРА

Оваа година ќе дојде и до промена во вашата кариера. Ќе имате нови работни позиции, а со тоа и повеќе одговорности. Вашето ниво на енергија ќе ви овозможи да ја ставите кариерата во прв план. Ова е добро време за да ги усовршите и вашите вештини, но и да научите некои нови. Обидете се да остварите добар баланс помеѓу вашиот професионален и личен живот. Не двоумете се да барате покачување на платата или трансфер на друго работно место. Барајте и ќе добиете!

ПАРИ

Разумното управување со буџетот би било клучно за вашата финансиска стабилност оваа година. Бидете разумнби во трошењето, затоа што штедењето нема да ви оди баш од рака. Можни се изненадни трошоци врзани за пријателите и роднините. Бидете подготвени за ваков проблем.

ЗДРАВЈЕ

Во првото тромесечје од оваа година ќе почувствувате умор и други здравствени проблеми. Околу почетокот на второто тромесечје, работите ќе почнаат да се менуваат. Имајте на ум дека на вашето ментално здравје исто така му е потребно помладување. Последниот квартал можете да го искористите за подобрување на вашите вештини, со цел да го развивате својот дух.

ЗАКЛУЧОК

Генерално ќе чувствувате стабилност, стамо внимавајте на трошењето и финансиите.

ШКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 22 НОЕМВРИ)

Оваа година ќе ви донесе чувство на спокој. Ќе имате забава, смеа и среќа, како никогаш претходно. Ќе почувствувате внатрешен мир и енергетското ниво ќе ви биде на прилично високо ниво. Внимавјате на големи промени во кариерата, но и мали финансиски потешкотии. Целата година ќе ви биде сигурна, само ако успеете да ги контролирате своите емоции.

ЉУБОВ

Држете се подалеку од импулсивни постапки, затоа што тоа би можело да ве оддалечи од вашиот партнер. Бидете флексибилни и обидете се да ги прилагодите своите чувства. Оваа година ќе имате многу топлина во заедничкиот живот. Самотијата може да биде штетна за некои Скорпии, па затоа најдобро е постојано да бидете во друштво.

КАРИЕРА

Оваа година ќе можете повеќе да се посветите на вашиот професионален живот. Сонувате некои големи соништа и не дозволувајте да бидете измамени од оние околу вас. Откријте што ви одговара и не жалете се премногу. Околу втората половина на годината ќе ви биде поставено сериозно прашање за вашите идни акции.

ПАРИ

Во почетокот на оваа година направете некои планови и држете се до нив во текот на целата година, затоа што тоа ќе ви помогне да го спречите финансискиот пад. Не трошете многу оваа година. Задржете ги своите финансики приоритети и придржувајте се до она што претходно сте го замислиле. Првата половина од оваа година е идеално време за паметно инвестирање.

ЗДРАВЈЕ

До првиот квартал на оваа година, ќе имате добро здравје и ќе бидете способни да вложите многу напор. Вашата физичка и ментална страна ќе ви бидат најдобри оваа година. Меѓутоа, како минува годината, добро би било да намалите со обемот на раобтата, затоа што може да дојде до нервоза, стрес и страв. Повремено заборавајте на работните обврски, со цел да се смирите.

ЗАКЛУЧОК

Размислувајте добро и правете планови, па ќе се чувствувате стабилни во текот на целата година.

СТРЕЛЕЦ (23 НОЕМВРИ – 21 ДЕКЕМВРИ)

Оваа година ќе почувствувате едно ново ниво на енергија, кое сте го немале одамна. Проблемите кои ги имавте во претходниот период, сега ќе почнат да се разрешуваат. Продолжете да одите, бидете трпеливи, па ќе забележите светлост на крајот од тунелот. Ако сте во потрага по посериозна кариера, тогаш идеално време за тоа е последниот квартал од 2018-та година. Останете позитивни и продолжете да работите напорно.

ЉУБОВ

Оваа година ќе ви се отвори светлиот пат кон среќен љубовен живот. Ќе се почувствувате позрели во однос на претходно. Не брзајте со своите постапки и не донесувајте големи одлуки во врска со љубовта. Преземајте го свесно секој свој чекор и не дозволувајте некој да го диктира вашиот живот. Не заборавајте го минатото, живејте во сегашноста и планирајте ја иднината со вашиот партнер на ваша страна.

КАРИЕРА

Ставете ја својата креативност во прв план. Вашите акции зборуваат погласно од вашите зборови. Успехот доаѓа кон вас, но не треба да бидете храбри и мотивирани за да го дофатите. Но, во сето ова може да ви биде пречка вашата чувствителност. Трудете се да ги избегнувате лажните ветувања оваа година. Бидете подготвени да им помогнете на вашите колеги, за и тие да бидат подготвени да ви помогнат.

ПАРИ

Оваа година ќе имате многу неизбежни трошоци. Покрај сите ваши напори за да сочувате пари, тие трошоци не ќе можете да ги избегнете. Планирајте ги своите финансии и буџетот како вам најдобро ви одговара. Бидете одговорни и искористете ги сите можности за да заштедите.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе бидете полни со енергија и здравјето ќе ви биде одлично. Меѓутоа, нервозата ќе биде неизбежен дел од вас. Во втората половина од оваа година, би било добро да посветите повеќе внимание на својата исхрана. Држете се подалеку од неактивноста и дајте си себеси поддршка за да вежбате и да го одржувате здрав својот дух.

ЗАКЛУЧОК

Напорната работа ќе ви се исплати.

Премини  на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button